Експлозија во фабрика во Иран, нема повредени

Експлозија во петрохемиска фабрика на југозападот од Иран денес предизвикала пожар, кој е ставен под контрола, јавува државната медиумска куќа „ИРИБ“.

Како што се наведува во извештајот, во експлозијата во фабриката во близина на пристаништето Бандар Имам Хомеини немало повредени, пренесе „Ројтерс“.

Во текот на летото се случија низа пожари и експлозии во ирански фабрики а иранските власти изразија сомневање дека станува збор за саботажа од странство.

МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 812 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Битиќи -Деспотовски: Создаваме одлични услови за нови инвестиции во ТИР зоните

Ќе работиме на привлекување на нови технолошки развиени компании.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја одржа првата работна средба со новоименуваниот в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски, со кого разговараа за политиките на Владата за привлекување на нови реномирани странски и домашни компании да инвестираат во зоните, изградбата и уредувањето на самите зони, како и за унапредување на условите за воедење бизнис и подигнување на конкурентноста на компаниите.

Вицепремиерот Битиќи, му честиташе на Деспотовски за новата работна позиција, пришто му порача и на ова работно место да ги постигне истите успеси кои ги имаше како директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој посочи дека очекува максимален ангажман и посветеност од Деспотовски, како и активно учество во креирање на што е можно подобри услови за работа на компаниите во зоните, односно да се продолжи со уредувањето на веќе оформените зони, да се завршат сите започнати инфраструктурни проекти, но и да се работи на привлекување на високо технолошки компании кои во земјата би донеле нови технологии, знаења и вештини и ќе создаваат производи со повисока додадена вредност.

Вицепремиерот посочи дека треба да се одржува интензивна комуникација и со компаниите кои веќе функционираат во рамките на ТИР зоните, а за оние компании кои ги започнаа инвестициските проекти и се во фаза на градба на производствените капацитети, максимално можно да се излезе во пресрет на нивни барања во случај да се соочат со одредени предизвици во реализацијата на инвестициите.

Привлекување на инвестиции со повисока додадена вредност во Македонија ќе биде еден од четирите основни столбови на работење на Дирекцијата во следните 4 години. Ова треба да се оствари и со разгледување на измени во политиките за привлекување на инвестиции, а кои ќе се базираат на анализа што Дирекцијата ќе ја направи во следните неколку месеци.

Дополнително, зголемување на платите на работниците ангажирани во големите капацитети во ТИРЗ, како и поголем влез на домашни компании во глобалните вредносните ланци ќе се стимулира со нови програми за финансиска поддршка, што ќе се иницираат наскоро. Поттикнувањето на развој на зелена и циркуларна економија и влез на приватен капитал во развојот на инфраструктурата и инвестициите се посебен сегмент на работната програма, презентираше дел од програмата за работа, директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски истакнаа дека ќе имаат исклучително блиска соработка, во насока на искористување на инвестициските потенцијали на земјата, за привлекување на нови реномирани компании и отворање на нови подобро платени работни места за граѓаните.

Aктер од Прилеп натепан зошто му забележал на сограѓанин дека не носи маска

Миленкоски откако платил за она што го испазарувал излегол од маркетот. На излезот бил дочекал од истиот купувач кој во продавницата не носел маска и не држел растојание.

Михајло Миленкоски млад актер во Прилепскиот театар Војдан Чернодрински деновиве бил претепан од прилепчанец само поради тоа што во маркет каде пазарувал им предочил на еден од продавачите зошто дозволуваат да има купувачи без заштитна маска.А од својот сограѓанин кој бил без маска да држи растојание.

Миленкоски откако платил за она што го испазарувал излегол од маркетот. На излезот бил дочекал од истиот купувач кој во продавницата не носел маска и не држел растојание.

Младиот актер Миленкоски сам пред себе не може да си објасни како може во 21 век во услови на пандемија и владини мерки и препораки да биде тепан само поради тоа што барал нешто за кое инсистираат и државата и медицинските лица.

Дека Миленкоски со право реагира е и фактот што ситуацијата во Прилеп е крајно сериозна потврдуваат и последните податоции.

Со вчерашните 6 бројот на починатите од ковид 19 во Прилеп достигна 120,активни се 1048 а од почетокот на пандемијата заболени се 2708.

притисни ентер