Експерти: Од 1 јули нема да се плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината

Граѓаните од 1 јули нема да плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината.

Граѓаните од 1 јули нема да плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината која сега е дел од сметките, оценуваат дел од експертите во земјава и покрај најавите дека ЕСМ на тендерот на 20ти ќе понуди повисока цена за 5 % и ќе покрива само 85 % од потребите.

Професорот Константин Димитров за Канал 5 вели струјата е стока со пазарна цена, а Македонија мора да се фокусира на сопствено производство. Според него граѓаните го плаќаат недомаќинското работење на државни електрани, со јаглен купен од странство по високи цени, вели, расте и цената на произведената струја. Според Димитров мора да се направи резивија на работата на државни електрани.

„Сончевите колектори ако ги изгради ЕСМ за сопствени потреби ќе влијаат позитивно инаку се што е изградено си го плаќаме на берза по берзанска цена, ако е кај нас во МАкедонија, ако се користи наша површина, ако ги користи нашите дистрибутивни и преносни системи ја купуваме по берзанска цена. Немаме големо фајде од така наречено домашно производство, нас ни треба сопствено производство. “-Константин Димитров – МАЦЕФ

Од ЕСМ за Канал 5 велат дека тие правеле анализи и пресметки, но за крајната цена и количините кои ќе ги испорачаат до универзалниот снабудвач одлучувала Влада на затворена седница.

„ЕСМ е заштитник на цената на електрична енергија и испорачува електрична енергија кон ЕВН Хоум по цена и количина која ја утврдува Владата се со цел пазарните цени на струјата на берзите да не предизвикаат ценовен шок за граѓаните.“- ЕСМ

Од владата пак, не добивме одговор зошто во време кога се очекуваше пониска, беше донесена одлука државни електрани да ја продаваат струјата по повисока цена. Вчера првиот регулатор Билсимовски иако рече дека е изненаден од понудената цена бидејќи е повисока, сепак за него поголем проблем е што ЕСМ ќе покрива само 85%, останантите 15 ќе треба да се обезбедат однадвор каде цената во одредени денови е и дупло повисока.

Меси е тешко повреден, прогнозите не се добри

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси заработи повреда на лигаментите на десниот зглоб во финалето на Копа Америка одиграно во неделата, потврди неговиот клуб Интер Мајами.

Меси беше соборен пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во 66. минута.

Во исто време, тој куцаше и во солзи го напушти тревникот на стадионот Хард Рок во Мајами и продолжи да го гледа финалето од клупата, во кое Аргентинците по 16-ти пат ја освоија Копа Америка совладувајќи ја Колумбија со 1:0, гол на Лаутаро Мартинез во судиското продолжение, во 112. минута. Интер Мајами моментално е втор на табелата во Источната конференција на МЛС.

„По лекарскиот преглед, беше утврдено дека Лео Меси заработил повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога капитенот ќе може повторно да игра ќе се утврдува со периодични проценки, а ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување. “, се вели во соопштението на клубот.

Осуммина загинати во голем пожар во трговски центар во Кина, десетици се заробени(ВИДЕО)

Осум лица загинаа, а десетици останаа заробени во зградата откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во трговски центар во градот Зигонг, во кинеската провинција Сечуан. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен облак од црн чад што се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници за брза помош и десетици возила пристигнале на местото на настанот. Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути. Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени. Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца, пишува CNN.

ГТЦ се распаѓа, падна дел од плафонот

Денес падна клима во Градскиот трговски центар и откорна дел од покривот.

Деловниот простор е од страната на паркот „Жена Борец“, кој во моментов е празен. Очевидци велат дека во моментот на паѓање немало минувачи, објави 4 Њуз.

притисни ентер