Екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков од вчера е во притвор во Шутка

Сам во ќелија под засилени безбедносни мерки од вчера екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков е сместен во притворското одделение во Шутка.

Оттаму велат дека по неговиот прием поради здравствените протоколи Мијалков е сместен сам во изолација.

Тој беше спроведен во притвор откако ја слушна првостепената пресуда за прислушувањето.Но, една од дилемите кои се отвораат во стручната јавност, е што по истекот на тие 60 дена законски максимум во кој може да опстои оваа мерка? Додека според извори во обвинителството се размислува како да се постапи потоа, дел од познавачите се скептични дека пресудата за два месеци ќе стане правосилна. Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека нема пример досега кога Апелација одлучувала експресно, па оттаму смета дека обвинителството има малку опции на располагање. Една од нив вели тој, е да побараат притвор за Мијалков за друг предмет кој се води против него со цел да се обезбеди за да се избегне опасноста од бегство.

Вчера и обвинителката Ленче Ристоска потврди дека во случајот Таргет/Тврдина кој е воден по обвинителен предлог притворот не може да биде подолг од 60 дена па затоа повика и на дебата во стручната фела за измена на роковите за притвор.

Од друга страна Давидовиќ вели дека Обвинителите и претходно знаеле со што ќе се соочат во овој случај.

За прислушувањето и уништувањето на опремата судијката Џенета Бегтовиќ изрече осудителни пресуди. Покрај затворската казна од 12 години за Мијалков, со казна затвор се осудени и екс министерката Гордана Јанкулоска, поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и екс шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски. Поранешниот прв човек на УБК е обвинет и во случаите Трезор, Титаник 2 и Тортура, а осомничен е и во истрагата за случајот Империја.

УЕФА исклучи еден град-домаќин на ЕУРО 2020

Нема да има натпревар на Еуро 2020 на стадионот Сан Мамес во Билбао, објавија организаторите, а одлуката на Европската фудбалска федерација (УЕФА) да го одземе домаќинството е прогласена за еднострана.

Билбао беше еден од 12-те градови избрани од Уефа за домаќин на натпреварите на Европското првенство во 2020 година, но е преселен во ова лето поради пандемијата.

Сепак, премногу строгите санитарни услови наметнати од баскискиот град ја принудија Уефа да го отстрани овој шпански град од списокот на домаќини.

Пред неколку дена, медиумите објавија дека регионалната баскиска влада составила список со „невозможни услови“ за враќање на гледачите на трибините на стадионот. Постојат седум состојби на списокот, од кои се издвојуваат два - оној на 60 проценти од популацијата за вакцинација против коронавирус во Баскија и во остатокот на Шпанија до 14 јуни и дека пациентите кои развиваат потешка форма на ковид-19 да не заземаат повеќе од два проценти од капацитетите на единиците за интензивна нега во болниците.

Уефа побара од секој од 12-те градови домаќини на ЕП планови за враќање на навивачите на стадионите до почетокот на април. Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Рим, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург потврдиле дека ќе им дозволат на некои навивачи да се вратат на трибините, додека Билбао, Даблин и Минхен не.

Чадорската фудбалска организација на Стариот континент на неодамнешниот Конгрес објави дека одлуката за овие три града ќе ја објави во петок, на 23 април. Но, Билбао веќе ја доби.

Организаторите на Баскија не се задоволни и ја критикуваа „едностраната одлука на Уефа“.

„Нема да дозволиме долгогодишното и богато искуство и способност на баскиските власти да управуваат и организираат настани на меѓународно ниво, да бидат доведени во прашање. Нема да дозволиме да останат сомнежи во однос на критериумите“, велат организаторите во соопштението за печатот.

"Баскиските институции потпишаа договор со Уефа во 2014 година и до денес го исполнивме 100%, што е признато безброј пати од самите менаџери на УЕФА. И ние бевме подготвени да сториме се што е потребно за да го прославиме Евро 2020 на стадионот Сан Мамес во јуни. Уефа одлучи да го прекине и одложи ЕП за оваа година од 2020 година, од здравствени причини, со оглед на тоа дека сме нурнати во глобалната пандемиска состојба предизвикана од ковид-19, а ситуацијата е иста и денес. Ова беше еден од условите што сметаа дека мора да бидат земени предвид при обележување на настани во градот што можат да предизвикаат гужви или можност за инфекција. Затоа, ставаме до знаење дека сме дејствувале сериозно и одговорно во секое време “, додаваат шпанските организатори.

Организаторите (градот Билбао, регионалната влада на Баскија и другите локални власти) побараа од Уефа писмен одговор на прашањето кои точки од договорот не ги почитувале и најавија покренување на правна постапка, барајќи компензација за трошоците ( 1,2 милиони евра) предизвикани со оваа одлука.

„Билбао нема да биде домаќин на Евро 2020, но нека биде јасно дека не сме прифатиле, ниту ќе прифатиме закани, уцени или омаловажувања и уште помалку, да ги прескокнеме правилата што во моментов ги регулираат мерките за спречување на здравјето на нашите граѓани.

Три натпревари од групата Е (Шпанија - Шведска, Шпанија - Полска, Шпанија - Словачка) и еден натпревар од осминафиналето требаше да се играат на стадионот Сан Мамес.

Сè уште е нејасно кој град ќе го замени Билбао. Се шпекулираше дека тоа може да биде Севилја или Лондон.

Да потсетиме, Лондон, потврди минимален капацитет од 25 проценти за три натпревари во групата и четвртфиналето, и се надева дека ќе потврди поголем капацитет на стадионот за полуфиналето и финалето на почетокот на јуни.

Глазгов, го потврди капацитетот на стадионот помеѓу 25 и 33 проценти, а истиот капацитет го најавија и Амстердам, Букурешт, Рим и Копенхаген.

Санкт Петербург потврди капацитет од 50 проценти, со можност за зголемување на капацитетот до крајот на април, а Будимпешта има намера да биде домаќин на гледачи со полн капацитет, подложени на строги услови за влез на стадионот.

Баку исто така потврди капацитет од 50 проценти.

Норвешка прекина со вакцинации со АстраЗенека, 216.000 дози ќе им позајми на Шведска и Исланд

Норвешка, каде што привремено е прекината употребата на AstraZeneca, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216,000 дози на нивно барање, објави норвешкото Министерство за здравство.

„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината „АстраЗенека“ во Норвешка е ставена во мирување“, рече во изјавата министерот за здравство Бент Хеј.

Тие 216.000 дози вакцини од англо-шведската компанија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200 000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16 000 за Исланд.

„Ако продолжиме да ја користиме AstraZeneca, тие ќе ни ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хеј.

Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи AstraZeneca на 11 март за поблиску да ги проучи нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.

Од 134 000 администрирани инјекции во Норвешка, имало пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле фатални, а се пријавени кај релативно млади здрави лица. Уште една вакцинирана жена починала од мозочно крварење.

„Само Интервју” вечерва со Талат Џафери

Во вечерашнoтo „Само Интервју” ќе гостува Талат Џафери.

Дами и господа, петок е ден за „Само Интервју“, а вечерва ќе гостува Собранискиот спикер Талат Џафери.

Скафандери во Собрание, политички препреки и исцрпувачки седници за економските мерки, има ли законодавниот дом атмосфера за решавање на проблемите на граѓаните или стана самиот проблем?

Четири години по крвавиот 27 април, ја знаеме ли целата вистина?

Кога судот се откажа, можеше ли Собранието да покрене иницијатива за обесштетување на новинарите -сведоци на крвавиот четврток?

Дали им се лути на Заев и Мицкоски што не го поканија на лидерска? Можно ли е овој состав да биде ефикасен или предвремени избори се најдобро решение?

Вечерва во „Само Интервју“, Гоце Михајлоски прашува, Талат Џафери одговара, а вие гледајте Канал 5 Телевизија.

притисни ентер