Екс директорот на МЕПСО купил стан кој требало да биде „замрзнат“ во истрагата на СЈО за Поштенска банка

Дали станот на екс директорот на МЕПСО, Сашо Василевски требало да биде замрзнат во истрагата на СЈО за Поштенска банка.Зделката била склучена три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот.

Дали специјалната обвинителка Катица Јанева му овозможила на сега веќе разрешениот директор на МЕПСО Сашо Василевски да купи стан на атрактивна локација во Скопје по багателна цена? Оваа дилема се појави откако порталот а1.он објави истражување кое покажало дека станот од 109 метри квадратни бил купен за само 80.000 евра од фирмата “Бентон Дооел” од Гевеглија, сопственост на Томе Главчев, осомничен во случајот на СЈО, Поштенска Банка, а зделката била склучена 17 дена по отворањето на истрагата.

Во текстот, чиј автор е новинарот Васко Маглешов стои дека Катица Јанева, која важи за близок човек на Василевски, кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен.

“ Ние не тврдиме ништо, само потенцираме дека има сомнителни факти кои што се во овој случај изложени однсоно дека кореспондира незамрзнувањето на станот на осомниченото физичко и правно лице во овој случај со купувањето на станот. Дали е тоа случајно или не, претопставувам дека има органи на прогон што тоа можат да го утврдат. - вели за Канал 5 новинарот Васко Маглешов.

Маглешов дополнително открил дека дополнително спорно е што и самиот нотар каде што бил заверен купопродажниот договор ја алармирал Управата за финансиско разузнавање, откако се посомневале во ниската цена, но Управата не нашла ништо спорно во договорот.

Станот на Василевски се наоѓа во оваа зграда позади мене на улицата Орце Николов во скопски Карпош.. Според изводот од катастарот станот е на површина од 109 метри квадратни и пет квадрати гаража.

Канал 5 го контактираше и Василевски, но тој не сакаше да зборува пред камера.. Во разговорот уверуваше дека успеал да дојде до цената од 730 евра по метар квадратен во меѓусебен договор со Главчев, со кого од претходно се познавале, но и поради тоа што зградата не била нова... Василевски тврди дека нема ништо спорно, па затоа не ја криел сопственоста и ја пријавил на свое име и во Антикорупциска.. Тој не го негира познанството со Јанева, но уверува дека односот им е професионелен..

Клучното прашање кое треба да го одговори СЈО сега е зошто кога била отворена истрагата за Поштенска Банка не бил замрзнат и овој стан..

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Американските власти почнаа преговори со властите на Нигер за повлекување на американските војници од оваа западноафриканска земја, соопшти синоќа Пентагон.

Војниците досега беа во оваа земја за борба против џихадистичките екстремисти во регионот Сахел, на кој му припаѓа Нигер.

Владата на Нигер, која се појави по минатогодишниот државен удар, одлучи минатиот месец да го раскине договорот за воена соработка со САД, соопштувајќи дека присуството на американски војници во Нигер сега е „нелегално“.

Минатата недела Вашингтон конечно се согласи да повлече повеќе од 1.000 војници од земјата и објави дека испраќа делегација во Ниамеј за да се договорат за деталите за повлекувањето.

-Можеме да го потврдиме почетокот на разговорите меѓу САД и Нигер за уредно повлекување на американските сили, рече портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

„Мала делегација од Пентагон и американската команда во Африка“ учествува во разговорите, а САД „ќе продолжат да ги истражуваат можните опции за да се осигураат дека секогаш сме способни да се справиме со потенцијалните терористички закани“, додаде Рајдер.

Шефот на дипломатијата на Нигер, Бакари Јау Сангаре, изјави дека денеска имал „разговори“ со американската амбасадорка во Ниамеј, Кетлин Фицгибон, за „прашањето за заминувањето на воените трупи од Нигер“.

Разговорот се одвивал во присуство на Марија Барон, директорка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Ниамеј, која изрази уверување дека агенцијата „ќе ја продолжи билатералната соработка“ со Нигер, се наведува во соопштението.

Во Нигер, САД имаат голема база за беспилотни летала во близина на Агадез. Неговата изградба чинела околу 100 милиони долари.

По државниот удар со кој беше соборен избраниот претседател Мохамед Базум, новиот воен режим брзо побара повлекување на трупите од Франција.

Воената хунта политички се зближи со Русија, како и Мали и Буркина Фасо, земји со кои исто така владеат воени хунти. /MИА

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Портпаролот на Цивилната заштита на Појасот Газа Махмуд Басал изјави дека во последните три дена биле ексхумирани над 200 тела на луѓе убиени и закопани од израелските сили во масовни гробници во болницата Насер во Газа.

- Нашите тимови продолжуваат да пронаоѓаат тела во медицинскиот комплекс Насер и од саботата се ексхумирани телата на околу 200 маченици, рече Басал.

Некои светски агенции нагласуваат дека не можеле да добијат коментар од израелската војска во врска со ова тврдење.

Мохамед ал-Мугаџер, шеф на цивилната одбрана на Појасот Газа, за некои агенции изјавил дека во гробниците на болницата Насер биле откриени вкупно 283 тела.

- Досега најдовме закопани тела на 283 луѓе кои ладнокрвно биле убиени од израелската окупаторска армија, изјави Исмаил ал Тавабтех, шеф на одделот за комуникации на владата на Хамас, која е на власт во Газа.

Болниците во Појасот Газа беа директна цел на воената операција што ја спроведува израелската армија на палестинска територија по смртоносниот терористички напад што припадниците на Хамас го извршија од Газа на 7 октомври во Израел. /МИА

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година.

Стотина политички затвореници во Белорусија, приведени во текот на жестоката конфронтација меѓу властите и опозицијата во изминатите години, имаат многу сериозни здравствени проблеми и можеби се на работ на смртта, соопшти „Вјасна“, белоруската организација за човекови права.

„Вјасна“, чиј основач е нобеловецот Алес Бијалијацки, кој, исто така, се наоѓа зад решетки, идентификуваше 93 затвореници чија здравствена состојба е особено загрижувачка, поради проблеми со рак, срце, болести и други состојби - запоставени или лошо третирани во затворски услови.

-Во заробеништво секоја болест напредува побрзо, во комбинација со недостаток на квалитетна здравствена заштита, изјави претставникот на „Вјасна“, Павел Сапелка и додаде: „На ова влијаат затворските услови: недостаток на свеж воздух, неухранетост, постојан психолошки притисок и стрес“.

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година, кога беше оспорена шестата последователна изборна победа на авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Активистите за човекови права веруваат дека околу 35.000 луѓе биле приведени за време на задушувањето на тие демонстрации, од кои многумина биле претепани од полицијата.

Сите значајни опозиционери се или во затвор или во егзил.

„Вјасна“ проценува дека зад решетки во Белорусија има повеќе од 1.400 политички затвореници. /МИА

притисни ентер