Еко-свест: Во Новаци скоро и да нема денови со здрав воздух

Собраните измерени податоци ги споредивме со законските граници, но и со тие препорачани од Светската здравствена организација како оптимални за заштита на здравјето.

Сите податоци и докази покажуваат дека комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а општина Новаци и Битолскиот Регион го примаат главниот удар, се вели во новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Анализата покажува дека електраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци.

Новообјавената анализа „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со Еко-свест уште еднаш ги потврдува претходните наоди дека РЕК Битола е главниот причинител за надминување на граничните вредности за загадување на воздухот во Новаци и околината. Според анализата, направена целосно според независни мерења извршени од Bankwatch, надминувањата на ПМ10 и ПМ2.5 честичките се главно во зимските месеци и потекнуваат од насоката на електраната, рудникот за јаглен и депонијата за пепел. Надминувањата пак на вредностите на сулфур диоксид доминантно потекнуваат од насоката на оџаците на електраната кои испуштаат неколку пати повеќе гасови од дозволеното.

„Собраните измерени податоци ги споредивме со законските граници, но и со тие препорачани од Светската здравствена организација како оптимални за заштита на здравјето. Резултатите покажаа дека скоро и да нема ден во Новаци во кој концентрацијата на некој загадувач не е над нездравите вредности“, изјави Давор Пехчевски, еден од авторите на студијата.

Ваквата концентрација на загадувачи предизвикува сериозни здравствени последици. Само ПМ2.5 честичките во Новаци предизвикуваат до 6 смртни случаи годишно, или пренесено на популација од 100.000 тоа би биле 152 предвремени смртни случаи. Тоа е 50% поголема смртност од аерозагадување отколку во Тузла, друго место со високозагадувачка електрана на јаглен.

И покрај ваквата ситуација, властите и АД ЕСМ и понатаму не преземаат сериозни активности за намалување на загадувањето од РЕК Битола и за заштита на здравјето на жителите од Битолскиот Регион, но и во целата земја.

„Плановите за продолжување на работниот век на ТЕЦ Битола по 2030 година преку отворањето на рудникот Живојно значат и дека битолчани ќе треба да го жртвуваат своето здравје за термоелектраната која работи нелегално и без еколошка дозвола. Ситуацијата во која се ставени битолчани покажува крајна негрижа за човековото здравје.“ потенцираше Невена Смилевска од Еко-свест.

Целата публикација - Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Македонија може да се преземе на следниот линк: https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2022/05/Regular-Zagaduvane-na-vozduhot-i-povrzani-zdravstveni-posleditsi-vo-Novatsi-Severna-Makedonija.pdf

Санкционирани 109 возачи на територијата на СВР Тетово

Санкционирани се 109 возачи на територијата на СВР Тетово при денешната акциска контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 11 до 17 часот, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 109 возачи. Од нив, 22 за возење без возачка дозвола, 44 за непрописно вградени фолии – затемнети стакла, шест за истечена важност на регистрација и осум мерки кон возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението на МВР.

Оттаму наведуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во соопштението се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Папата ги повика Израелците и Палестинците на дијалог во потрага по мир

Папата Франциско ги повика Израел и Палестинците на дијалог во потрага по мир и го осуди неодамнешното насилство во регионот.

По неделната молитва во Рим, Папата рече дека е длабоко тажен поради веста за убиените Палестинци во израелските антитерористички операции и смртта на израелските Евреи во нападот на синагога во петокот.

„Со голема болка ги слушам вестите што доаѓаат од Светата земја. Спиралата на смртта, која расте секој ден, ја убива малата доверба што постои меѓу овие два народи“, рече тој.

„Ги повикувам двете влади и меѓународната заедница и барам од нив веднаш, без губење време, да најдат други начини, кои вклучуваат дијалог и искрена потрага по мир“, додаде Папата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети силен, брз и прецизен одговор на нападот на синагога во предградијата на Ерусалим, а израелската армија испрати уште војници на окупираниот Западен Брег.

Нападот во Ерусалим следи по израелската воена операција во градот Џенин на Западниот Брег во четвртокот, во која загинаа девет Палестинци, вклучително и седум вооружени лица, и прекуграничниот оган меѓу Израел и Газа во петокот. Најмалку 30 Палестинци, милитанти и цивили, се убиени на Западниот Брег од почетокот на јануари.

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, за утре, беше најавена посетата на вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

притисни ентер