ЕК: Не може Македонија да функционира вечно со техничка влада

Дипломатите и високите функционери во Брисел одблиску ја следат ситуацијата со изборите и преговорите помеѓу власта и опозицијата.

Тие бараат консензус, но потсетуваат дека техничката влада „не може вечно" да трае, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада, но секако изборите треба да се одржат доколку условите се исполнети, коментираат високи функционери од Европската Комисија, каде моментално вниманието е целосно свртено на подготвувањето на преговарачките рамки за Македонија и Албанија.

Во Брисел, како и во европските престолнини, повеќето соговорници на МИА се свесни дека без функционално собрание и демократски избрана власт, во време на криза кога треба да се носат суштински одлуки, сите политички партии треба сериозно да се посветат на преговорите и да одредат датум за избори, на консензуален начин.

Бојкот од една или друга страна, непризнавање на резултатите, се сценарија кои мора по секоја цена да се избегнат, коментираат во институциите на ЕУ, посебно со оглед на фактот дека од јуни проширувањето ќе се врати на дневниот ред на Унијата, со објавувањето на преговарачките рамки за Македонија и Албанија.

Не треба да се запостави ниту фактот дека една земја членка, Бугарија, испраќа сигнали на незадоволство од одредени аспекти на билатералните односи, и дека влада со полн легитимитет ќе може суштински да се посвети на решавањето на потенцијални билатерални несогласувања, објаснуваат во Брисел.

Останува дека изборите мора да бидат беспрекорно организирани. Со други зборови, тоа значи дека освен компромис помеѓу сите партии, треба да бидат запазени здравствените услови, гласањето да биде сигурно и безбедно за граѓаните, да бидат добро подготвени, и, конечно, за нивен целосен легитимитет е пожелно да бидат присутни и меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, покрај домашните.

-Меѓународните набљудувачи не се обврска, но им даваат легитимитет на изборите, ако нема меѓународни набљудувачи се остава простор за оспорување на процесот и на резултатите, така што за ЕУ нивното присуство е значајно, велат дипломатски извори за МИА.

Од ОДИХР за МИА велат дека се во исчекување на одлука од македонска страна за да можат да се произнесат за набљудувачките мисии.

-Откако ќе биде одреден датумот за избори, ОДИХР внимателно ќе ги разгледа новите рокови имајќи ја предвид можноста на набљудувачите да патуваат како и било кои други рестрикции кои би можеле да се на сила. Сепак, сакаме да истакнеме дека не можеме ништо да планираме додека не се донесе таа одлука, стои во писмениот одговор на ОДИХР до МИА добиен попладнево.

Оттаму додаваат дека се во редовен контакт со властите во Македонија за да се разјаснат условите за работа на нивните набљудувачи.

Во поглед на домашната политика, Брисел би сакал да види напредок во партиски преговори, како попрецизен договор околу некаков временски рок кога би се одржале изборите.

Дијаметралната спротивставеност на двете најголеми партии во државата околу датумот на изборите – крај на јуни, почеток на јули за владејачката СДСМ, и август или септември за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не им влеваат сигурност на европските партнери за сега.

-Вистина е дека септември е далеку, неразбирливо е од овдешна гледна точка зошто не може да се приближат ставовите, но секако не е наше да кажуваме кога да се одржат изборите. Како и да е, она што нам ни е важно е тие да се добро организирани и легитимни, најголем проблем ќе се појави ако има бојкот, е општиот консензус во Брисел.

Брисел од блиску ја прати ситуацијата и во соседна Србија и се надева дека Македонија ќе ги извлече потребните по­­уки од тамошните случувања околу изборниот процес.

Дипломатите во ЕУ потсетуваат и дека овие избори ќе тежат и врз ЕУ перспективата на земјата.

Во текот на јуни, Европската Комисија ќе ја објави преговарачката рамка, која потоа ќе треба да биде одобрена од сите земји членки на Унијата. Во овој контекст, дипломатите и високите функционери препорачуваат Северна Македонија максимално да се вложи во негувањето на билатералните односи со двете соседни земји со кои има склучено договори за пријателство – Бугарија и Грција.

Од Европската Комисија не можеа да потврдат кој ден точно ќе се објави преговарачката рамка, ниту дали таа ќе се објави пред Советот за општи работи на ЕУ, за министрите на ЕУ да можат да го стават прашањето на дневен ред.

Со оглед на тоа дека преговарачките рамки стапуваат во сила само откако ќе добијат зелено светло од страна на Советот (односно земјите членки), важно е кога Комисијата ќе ги објави документите и дали од денот на нивното објавување до следниот министерскиот состанок ќе има доволно време за дебата на ниво на земјите членки.

Идниот Совет за општи работи е планиран на 15-ти јуни. Доколку Европската Комисија не ги објави преговарачките рамки на време, можно е министрите да се согласат да дебатираат за ова прашање на јулскиот состанок.

Иако начелно се споменуваше дека Советот за општи работи во јули ќе биде неформален, германското претседателство ја разгледува опцијата за регуларен, формален Совет, што би овозможило и носење на формална одлука за преговарачката рамка.

Ништо од ова меѓутоа засега не е потврдено и поради кризата со коронавирусот, сѐ може до последен миг да претрпи измени, потсетуваат во Брисел./МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер