Една година од првиот потврден случај на заболен од ковид-19 во Македонија

Помина точно една година од првиот потврден случај на заболен од ковид-19 во земјава, а пандемијата се уште не стивнува.

Веќе започна имунизацијата на медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите со вакцината на „Фајзер“, а деновиве треба да пристигнат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ по што, според најавите од надлежните, ќе почне масовната имунизација на населението.è

Првиот потврден случај беше жена од Скопје родена 1970 година која престојувала во Италија и во земјава допатувала преку граничниот премин Табановце на 26 февруари 2020 година, превезувајќи се во комбе во кое имало уште неколку лица. Веднаш беше сместена на интензивна нега во одделот за изолација на Инфективната клиника во Скопје по што властите почнаа со спроведување мерки меѓу кои беше и 14-дневна изолација на останатите патници во комбето. На почетокот не препорачуваа здравите луѓе да носат маски, а потоа препорачаа да се носат и ракавици и маски за заштита од коронавирусот.

Иако првите проценки беа дека во земјава ќе се заболат само 2.000 лица и дека ќе има само неколку починати, досега вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 од направени 2.972 тестирања, починати се 13 лица на возраст од 48 до 89 години сите во болнички услови, а регистрирани се 374 оздравени пациенти.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа само во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

На почетокот на пандемијата бројот на заболени беше многу мал, а земјава прва во регионот воведе строги мерки за заштита од коронавирусот меѓу кои и полициски час. Во мај постепено почнаа да се олабавуваат мерките што придонесе за значително зголемување на заболените и појава на првите смртни случаи од ковид-19. Летото помина релативно добро и покрај ризикот од одржувањето на Парламентарните избори кои првично беа закажани за 12 април, но беа неколку пати одложувани заради пандемијата. Сепак се одржаа на 5 јули и според властите не придонесоа за зголемување на бројот на заболени заради преземените мерки за заштита на гласачите и членовите на избирачките одбори и комисии.Заради коронавирусот беше одложен и почетокот на училишната година која наместо во септември почна во октомври со претежно онлајн настава. Исклучок беа децата од прво до трето одделение кои посетуваа настава со физичко присуство и дел од училиштата во руралните средини, како и некои средни стручни училишта во кои е неопходно физичко присуство заради практична настава.

Нов замав пандемијата доби на крајот на есента и почетокот на зимата кога на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести беше донесена одлука заштитни маски да се носат и на отворено.

Како основна средство за прекинување на пандемијата во светски рамки беше посочена имунизацијата против ковид-19, која масовно прво почна да се применува во Велика Британија, а во земјите од регионот во Србија. Земјава очекуваше вакцини да добие преку ковакс системот, но тоа целосно потфрли. Имаше и најави за добивање вакцини од соседна Грција и Бугарија, но и тоа не се случи.

По многу одложувања заради проблеми со средување на неопходната документација и гарантирање на транспортот првите 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ пристигнаа во земјава како донација од Србија на граничниот премин Табановце на 14 февруари. Нив лично на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ по што почна вакцинацијата на медицинските лица кои работат во ковид центрите.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а досега вакцина против Ковид-19 примија 1.677 здравствени работници. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавени 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино и Кавадарци. Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3 проценти, или просечно 14,7 отсто, што е на исто ниво како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39, 40-49, 50-59 и 20-29 години. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1 проценти помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8 отсто во однос на минатата недела. Од нив 65 биле над 60 години, а пет лица на возраст од 50-59 години.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер