Единствената Национална платформа за учење од далечина ќе ја користат над 250.000 ученици

„Горди сме што за прв пат создадовме единствена Национална платформа за онлајн учење, што ја креиравме исклучиво со домашни ресурси и експерти.“

„ Ова нѐ охрабрува, но и ни дава дополнителен поттик за нејзино усовршување и прилагодување на потребите на секој ученик во нашата држава", истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска ја презентираа Националната платформа за онлајн учење.

„Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и искрено сум уверен дека ќе ја засакаат и учениците и наставниците. Таа нуди учење на 5 јазици - освен на македонски, прилагодена е и за држење настава на албански, турски, српски и босански јазик. Со ова уште еднаш ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот, мултикултурализмот и еднаквоста во нашето демократско општество", подвлече премиерот Заев и додаде дека подготвеноста на институциите и образовниот систем за промени е доказ за континуирана и силна посветеност кон долгорочните цели на Владата меѓу кои и квалитетно и иновативно образование по мерка на секого.

Министерката за образование и наука Царовска истакна дека Националната платформа за учење на далечина е резултат на соработката на Министерството за образование и наука и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Платформата е развиена да биде функционална, стабилна и едноставна за употреба и од учениците и од наставниците, како и од сите останати чинители на образовниот процес - МОН, БРО, ДПИ и родителите.

Министерката Царовска рече дека ја разбира загриженоста на родителите затоа што секоја промена е тешка, а прилагодувањето бара огромна жртва од сите нас.

„Јас целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме учебната година, ги разбирам родителите кои се под голем притисок да се прилагодат истовремено одејќи на работа и грижејќи се за образованието на своите деца. И самата сум родител и тоа го чувствувам. Но ние не ја избравме оваа состојба. Во оваа состојба Националната платформа ќе биде многу повеќе од добра замена за традиционалното учење. Ученикот преку десктоп или лаптоп компјутер, или на мобилен телефон ќе може исто како во училница, да го гледа наставникот како пишува или црта на табла, а истовремено и наставникот може да го гледа ученикот. Оваа настава нема да биде здодевна, ќе има решавање квизови, брзи тестови и други новини кои ќе внесат свежина во образованието, а платформата ќе продолжи да се користи и после пандемијата како поддршка во учењето и креирањето на дигитални содржини", заклучи министерката Царовска, стои во соопштението од Влада на РМ.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Манекенката Деми Роуз избега од Британија и се сонча на Малдивите (ФОТО)

Кралицата на минијатурните костими за капење, британска манекенка и сензација на Инстаграм, 25-годишната Деми Роуз ужива во топлите зраци на сонцето на Малдивите , откако избега од вечно дождливиот Лондон.

„Полека се навикнувам на островскиот живот“, напиша Деми позирајќи во минијатурно бикини со животински принт, заземајќи стратешка поза (нога пред нога додека стои на прстите) за да изгледа повисоко, а нозете подолги.

Heaven on Earth✨ @lolo_creativ

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Сите 15 милиони нејзини следбеници на Инстаграм последниве денови уживаат во објавите на бујната инфлуенсерка Деми Роуз, која се прослави единствено со нејзиниот секси изглед, а влезе во светот на шоу-бизнисот со фактот дека е поранешна девојка на раперот Тајџ, поранешно момче на познатата Кајли Џенер.

- Рајот е состојба на умот! Ве има 15 милиони. Јас сум воодушевена. Никогаш не можев да помислам кога започнав со Инстаграм и кога почнав да позирам на 18 години дека ќе имам таква неверојатна база на обожаватели како што имам сега. Ве ценам и сакам сите. Благодарна сум за вашата поддршка - напиша пресреќната Деми, почестувајќи ги придружниците со фотографии во црно боди од чипка, додека зад неа се гледа бескрајниот океан.

- Вие сте нашиот ангел - е само еден од коментарите на воодушевените обожаватели.

Деми не се обидува да ги сокрие своите бујни облини. Покрај тоа, таа гордо ги покажува во исклучително минијатурните костуми за капење, а понекогаш и без нив.

- Верувам дека сме најубави кога ќе го отфрлиме нашето старо „јас“ и ќе се свртиме кон новото светло - напиша Деми на романтичната фотографија од плажа.

Поголемиот дел од деновите ги поминува на плажа, пловејќи на јахти или релаксирајќи се на отворените базени во одморалиштето Амила на Малдивите, кои се опкружени со природни ресурси и ја кријат од љубопитните погледи.

Таа е секогаш во костим за капење, изложена на сонце, на што му го должи својот тен дури и во средината на есента.

Во сториите на Инстаграм, Деми призна дека овој островски живот ја оставил „без трепки“, алудирајќи дека престанала да става вештачки трепки и дека ужива во годишниот одмор и природата.

Министерот Спасовски е позитивен на коронавирус,има благи симптоми

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте сепорача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.

притисни ентер