Еди Рама ќе биде премиер, а Илир Мета прв парламентарец

Лидерите на двете најголеми политички партии, Социјалистичката и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“, Еди Рама и Илир Мета на денешната прва средба се договориле само за функциите кои тие ќе ги заземат, јави дописникот на МИА од Тирана.

Како што и се очекуваше Рама ќе биде новиот албански премиер, додека Мета ќе биде прв парламентарец. Тие уште се договориле во новата влада да бидат опфатени и другите партии од коалицијата.

На 2,5 часовната средба се договориле да се формира заедничка работна група која ќе подготви план за работа за првите 300 дена. Групата ќе ја предводат Илир Беќја од СП и Едмонд Хаџинасто од ЛСИ, а во неа ќе има и домашни и странски експерти од разни обасти.

На изборите од 23 јуни колацијата обезбеди 84 пратенички места, 66 социјалистите, 16 ЛСИ и по еден Демохристијанската партија и партијата на Грците, Партија за заштита на човековите права. Коалицијата „Алијанса за вработување, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократите на Сали Бериша, а во која беше и единствената македонска паритја, МАЕИ, освои 56 места, од нив демократите имаат 49 пратеници, Партијата на Чамите четири и Републиканската партија три пратеници./МИА


Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер