ДЗР: Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање стратешки проекти

Европската Унија доделува средства за кофинансирање на инфраструктурни проекти за техничка помош и инвестициски грантови со објавување на повици за аплицирање.

Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање на стратешки проекти, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Процес на добивање и користење на средства од Инструментот Инвестициска рамка на Западен Балкан (WBIF)“ согласно Годишната програма за работа со цел да се даде одговор на прашањето: „Дали е дизајниран ефикасен и ефективен систем за добивање на средства за Инструментот WBIF – „Инвестициска рамка на Западен Балкан?”.

Целта на „Инвестициската рамка на Западен Балкан – WBIF“, како што информираат денеска од ДЗР, е да го зголеми капацитетот на регионот на Западен Балкан за финансирање на клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции во согласност со приоритетите за пристапување и да ја подобри севкупната координација на помошта.

-Поради улогата на WBIF во ИПА III во насока на поголема апсорпција на средства и поради значајноста на финансиска помош на ЕУ за Западен Балкан определена во Економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан во износ од 9 милијарди евра, за регионални проекти во вредност од 20 милијарди евра, се наметнува обврска да се дизајнира поефикасен и економичен систем за користење и добивање на средства преку WBIF со национална правна рамка во која јасно се регулира улогата и надлежностите на сите институции кои се вклучени во процесот, се наведува во соопштението од ДЗР.

Промена на политиката на финансирање на проектите со буџетски средства или јавно приватно партнерство, како што посочуваат од ДЗР, предизвикува губење на одобрени грант средства за техничка помош и неможност да се кофинансираат проектите со инвестициски грантови преку WBIF, кое што има влијание на ефективна примена на овој инструмент.

-Европската Унија доделува средства за кофинансирање на инфраструктурни проекти за техничка помош и инвестициски грантови со објавување на повици за аплицирање. Според податоците добиени од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), а објавени на веб страната на WBIF, со WBIF финансирани се проекти во Република Македонија во вкупна вредност од 2.6 милијарди евра, за кои одобрени се 43 грантови во вредност од 421,8 милион евра, односно 391,9 милиони евра за инвестициските грантови и 29,9 милиони евра за техничка помош, се наведува во соопштението од ДЗР.

Оттаму посочуваат дека на крајот на јули 2022 година во рамките на шестиот инвестициски повик во кој се одобрени 576 милиони евра од Европската Унија за првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, за Република Северна Македонија одобрени се 230 милиони евра, односно 40 отсто од вкупните средства.

-Република Северна Македонија од 2009 година до 2022 година аплицирала на дваесет и осум (28) повици за техничка помош и седум повици за инвестициски грант, а од нив и се одобрени инвестициски грантови во вредност од 385 милиони евра за дванаесет проекти. За најголем дел од проектите не е започната инвестицијата, не се склучени договорите за грант и има застој во однос на планираната динамика на реализација, велат од ДЗР.

Според ревизорите, доколку не се завршат проектите и не се во употреба во предвидениот рок постои ризик од губење на грант средства или создавање на обврски за враќање на инвестицискиот грант. –

Системот за добивање на средства преку WBIF нема јасно дефинирана правна и институционална рамка со надлежни институции и тела, соодветна национална правна рамка за користење на WBIF, а единствената листа проекти не дава јасна слика за стратешки најважни и „зрели“ проекти во услови на ограничен фискален простор за задолжување, се наведува во соопштението.

Во 2015 година формиран е Национален инвестициски комитет и Единствена листа на проекти со што Република Северна Македонија како земја корисник ги исполнила условите за учество во повиците за инвестициски грантови.

-Со ревизијата се утврди дека поради условот за апликација на проекти кои се финансираат со заеми од официјални кредитори, не се врши приоретизација на проектите со кои се аплицира, посочуваат од ДЗР.

Оттаму нагласуваат дека Националниот инвестициски комитет е одговорен за формирање на Единствената листа на проекти, но нема надлежност да прави селекција на проекти за апликација на повиците за добивање на техничка помош и инвестициски грант. Крајните корисници поднесуваат поединечни апликации кои ги одобрува Владата на Република Македонија, пред да се поднесе до Европската комисија.

-Република Македонија аплицирала со четири инвестициски проекти и ја добила поддршката за сите проекти и тоа за: изградба на источен Коридор VIII (трета фаза) во износ од 155 милиони евра, пречистителна станица Скопје во износ од 70 милиони евра и изградба на фотоволтаични централи Осломеј I, Осломеј II и Битола во износ од 6,7 милиони евра, се наведува во извештајот објавен од ДРЗ.

Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа

Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа.

Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Додека Русија ги засилува нападите со ракетни и беспилотни летала против Украина, лидерите ќе разговараат за итните потреби на Украина и за виталната важност од континуираната поддршка од САД во овој критичен момент“, додаде таа во изјавата.

Кабинетот на Зеленски на Телеграм објави дека украинскиот претседател ќе пристигне во Вашингтон на 11 декември и ќе се сретне со Бајден за време на работната посета која ќе опфати „низа состаноци и разговори“.

Клучни теми на посетата ќе бидат одбранбената соработка меѓу САД и Украина, „особено преку заеднички проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на нашите земји во наредната година“, објави кабинетот на Зеленски. /МИА

Декемвриско заседание на Европскиот парламент во Стразбур

 Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, во чии рамки ќе биде организирана и церемонија на врачување на овогодишната Награда за слободата на мислата „Сахаров“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Заседанието почнува попладнево со дебата за предложените измени на правилата на ЕУ за попрецизно означување на карактеристиките на земјоделско-прехранбени производи, како мед, овошни сокови и џемови, со цел да им се овозможи на потрошувачите при купувањето на овие продукти да бидат подобро информирани за нивните состојки. Во продолжение европратениците ќе расправаат за нивните предлози за изборите за членови на Европскиот парламент предвидени за јуни идната година, поврзани со начините за поттикнување на поголема излезноста и за зајакнување на демократските процеси, како и за механизмот за избор на идниот претседател на Европската комисија. Гласањето по овие предлози е закажано за утре.

За утре е предвидена и церемонијата на доделување на наградата „Сахаров“ на овогодишните лауреати, покојната иранска активистка за женски права Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ во Иран.

Џина Махса Амини беше 22-годишна Иранка со курдски потекло, која почина во септември минатата година во притвор во Техеран од последици од физичкото малтретирање од страна на припадници на иранските безбедносни служби. Нејзината смрт предизвика масовни протести во Иран против законите со кои се дискриминираат жените во земјата.

На дневниот ред на утрешното продолжение на парламентарното заседание е дебатата и гласањето за усвојување на Законот за критични суровини, кој има за цел да го зајакне снабдувањето со стратешки суровини и да ја зголеми конкурентноста и суверенитетот на ЕУ во овој сектор.

За утре попладне е закажана и расправата посветена на состојбата во Газа, во чии рамки европратениците ќе дебатираат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за потребата од ослободување на сите заложници од страна на Хамас, за постигнување хуманитарен прекин на огнот во актуелниот конфликт и за изгледите за мировно решение за израелско-палестинскиот спор според моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина.

Во текот на утрешниот ден европратениците ќе расправат за измените во правилникот на Европскиот систем за здравствени податоци, со кои би се овозможило полесен електронски пристап до информациите за здравствената состојба на пациентите, вклучително и кога тие се наоѓаат во друга земји членка на ЕУ. Изјаснувањето на пратениците за олеснувањето на пристапот до здравствените податоци е превидено за в среда.

В среда на дневен ред на седницата е дебата посветена на декемврискиот Самит на ЕУ, што ќе се одржи в четврток и петок. На дебатата со претставници на шпанското претседателство со ЕУ и на Европската комисијата, се очекува европратениците да ги изнесат своите барања и очекувања од Самитот.

Истиот ден е предвидена и дебата на европратениците со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој пред Европарламентот ќе ги презентира резултатите од претседавањето на Шпанија со Советот на ЕУ во периодот јули-декември 2023 година. Во пресрет на дебатата, предвидена е и билатерална средба на Санчез со претседателката на ЕП, Роберта Мецола./МИА

„Вашингтон пост“: Израел приведува цивили во Газа, многумина се водат како исчезнати

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ.

Израелските сили привеле палестински цивили, главно мажи, во Газа за време на двата месеци од војната, според членовите на семејствата и групи за човекови права, кои велат дека не добиле информации за локацијата, условите на притвор или обвиненијата против исчезнатите, објави „Вашингтон пост“.

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ или за време на израелските операции на север, велат пријателите и роднините во повеќе од десетина интервјуа за Вашингтон пост. Некои од нив биле чувани со часови надвор или во метални приколки и потоа пуштени. Други се уште се водат како исчезнати.

Членови на семејства изјавија за „Вашингтон пост“ дека виделе како израелски војници ги приведуваат нивните роднини, кои не се поврзани со Хамас или вооружени групи, и оттогаш немаат слушнато ништо за нив.

Израелските сили соопштија дека апсат членови на Хамас и оние вклучени во нападот врз Израел на 7 октомври. Сепак, израелските власти не открија колку луѓе привеле, кои се правните основи за тоа и каде се држат, вклучително и дали во Газа или во Израел. Шин Бет се уште не одговорил на барањата на Вашингтон пост за коментар.

„Вашингтон пост“ забележува дека тоа е систематска практика што предизвикува загриженост кај организациите за човекови права и семејствата на притворените цивили. /МИА

притисни ентер