Ѕиамбирис за Канал 5: Поблиску до решение на името од било кога до сега

Македонија и Грција се поблиску до решение од било кога до сега, реално е проблемот да се реши во првата половина на 2018 пред НАТО самитот, договорот би бил пакет - за името и за се што произлегува од името, мерките за градење доверба се еден позитивен билатерален договор – ова се ставовите на Аристотелис Ѕиамбирис професорот по меѓународни односи на универзитетот Пиреа, кој за Канал 5 ги анализира последните случувања меѓу Скопје и Атина.

-Мислам дека развојот на настаните е важен, веројатно случувањата ќе доаѓаат едно по друго и дека се наоѓаме многу поблиску до решавање на прашањето со името можеби уште од 1991-1992. Отворен е еден прозорец за договор,еден прозорец за решение и ќе видиме во следните месеци дали ќе се затвори ова прашање. – вели за Канал 5 професорот Ѕиамбирис.

-Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пред 20ина дена на прес конференција, говореше за решение во првата половина на 2018, колку е веројатно ова сценарио?

-Мислам дека е многу реално, бидејќи по овој временски рок, сигурно по септември 2018 влегуваме полека полека во потенцијален предизборни периоди и во двете земји и според тоа политичката логика нема да дозволи еден таков договор. Дополнително потсетувам дека НАТО ќе има голем самит во јули и сигурно ако има решение пред овој датум, би можело НАТО да има нов член. Според тоа, и од политички и од реални и пошироко меѓународни причини ценам дека доколку има договор, ќе треба навистина да биде во првите 6 месеци од 2018, а сигурно не по септември. – објаснува професорот од атинскиот Универзитет „Пиреа“.

Нимиц е задолжен само за името, но договорот ќе ги вклучува сите останати прашања кои произлегуваат од името, за нив пак, ќе си се договорат државите меѓу себе– објаснува Ѕиамбирис за Канал 5. А како пример дека двете земји можат сами да се договорат ги споменува мерките за градење доверба.

-Целосно е сигурно дека било кој договор нема да биде само за името, туку ќе покрива и другите прашања. Но овде треба да потенцираме дека сите предлози кои биле доставени од 1991 за прашањето за името, покриваа и други прашање, а не само името, На пример, да спомена едно решение кое во Грција се нарекуваше пакет Пинеиро, во 1992, предлогот беше името New Macedonia, но се викаше пакет Пиниеиро, затоа што имаше многу работи, не само името. Сите обиди, сите посредувања на меѓународниот фактор, сите напори за постигнување договр, не го покриваа само името, туку и други прашања. Тоа ќе се случи и сега. Односно, погрешно е да мислиме дека договорот ќе биде еден ред, еден параграф и ќе вели оваа држава ќе се вика така. Тоа ќе биде еден многу поголем текст, многу поширок текст и неизбежно ќе покрива и други прашања како што се на пример трговски производи. Имиња на трговски производи. Кажувам еден пример за да може секој да разбере. Алва, вино и слично. – објаснува професорот за Канал 5.

-Но, во чија надлежност ќе бидат останатите прашања? – го прашавме Ѕиамбирис.

-Нимиц има конкретен мандат. Нимиц ќе достави предлог, но тука треба да биде јасно. Дали Нимиц или некој друг ќе достави предлог, договорот ќе биде меѓу двете држави. Државите ќе бидат тие кои ќе одлучат за овие прашања. И имаат право како независни држави да одлучат и за други работи , доколку сакаат, кои не се поврзани со било кој предлог кој можеби би го доставил Нимиц. Ќе споменам нешто што е карактеристично и позитивно дека веќе постојат 13 мерки за градење доверба кои што се во тек и се работи на нив. Ова не произлезе е од некакво посредување американско, европско или на ОН. Туку е билатерален договор на две држави кои сакаат да ги подобрат нивните односи. – вели професорот.

Во однос на тоа дали општествата и политичарите од двете земји се подготвени за договор, Ѕиамбирис вели дека се ќе зависи од самото решение, кое во Грција треба да помине низ парламенот а кај нас на референдум, но верува дека веќе се созреани околностите за евентуалниот договор да добие зелено светло.


Историска ждрепка на УЕФА – спектакли во четвртфиналето

Ждрепката за самиот крај на Лигата на шампионите се одржа напладне во Нион.

Непосредно пред финишот на натпреварувањето, во систем кој никогаш не се случил во историјата на Лигата на шампионите,затоа што турнирот ќе се игра во Лисабон, беа извлечени двојките за 1/4 финалето.

Првиот пар и веднаш дерби во најава, подобрите од осминафиналните пресметки, Манчестер Сити - Реал Мадрид (првиот натпревар 2: 1 за „Граѓаните“) односно Јувентус и Лион (0: 1).

Загарантиран е нов спектакл во второто четвртфинале, германскиот гигант Барен Минхен го очекува подобриот од реваншот Барселона - Наполи (1: 1) . Шампионот на Бундеслигата во осминафиналето го декласираше Челси (3: 0).

Во преостанатите два пара, Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид се големи фаворити против Аталанта и Лајпциг, но оваа сезона нè научи дека изненадувањата се вообичаени.

Особено бидејќи финалето ќе се игра на еден натпревар .

Познат е и потенцијалниот пат до финалето, односно колку е првата група посилна од втората на прв поглед, затоа што ја сочинуваат Реал, Сити, Јувентус, Барселона и Баерн, во споредба со ПСЖ и Атлетико, кои се посилните во втората група.

Полуфинале:

Реал Мадрид / М. Сити / Лион / Јувентус - Наполи / Барселона / Челзи / Баерн

Лајпциг / Атлетико Мадрид - Аталанта / Пари Сен Жермен

Правилата на ждрепката се такви што нема привилегирани екипи, што е логично, но и дека оние од истата земја ќе можат да ги исполнат.

Домаќинот на Лигата на шампионите, Лисабон, обезбеди два прекрасни објекти за најдобри - стадионот на Бенфика Ла Луз и Спортинг - Хозе Алваладо, наместо претходно договорениот Истанбул, кој е погоден од коронавирусот.

Едно е сигурно - ќе добиеме нов европски шампион затоа што актуелниот првак Ливерпул беше елиминиран во осмина финалето од Атлетико Мадрид.

„Само Вистина“ вечерва со Игор Јанушев

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе гостува Игор Јанушев.

Дами и господа, определени и неопределени, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра предизборна програма, а кој поголем политички „шарм“, вечерва во Само Вистина ќе гостува носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јануше

За СДСМ реториката на сегашното ВМРО-ДПМНЕ е иста како во време на „Груевизмот“, обнова на „режимот“ или исправање на „кичмата“, ќе ни каже ли Јанушев што е поразлично во партијата откако Мицкоски е лидер?

„Ние и вие“, премиер Албанец или премиер на сите граѓани во Македонија?

Дали некој можеби му ја „симна“ националистичката „маска“ на Села или тивка „федералзација“ се готви во политичката „кујна“?

„Бомби“ или политички „петарди“, стана ли кампањата, театар на „отворено“?

Кој мисли за народот, а кој за својот „дупнат“ џеб, вечерва на политичката арена каде се говори Само Вистина со Игор Јанушев, само на Канал 5 Телевизија.

Дислоцирани две избирачки места во општина Гевгелија

Во Гевгелија се дислоцирани две избирачки места кои немале доволна квадратура. 

За предвремените парламентарни избори на 15 јули, во Гевгелија се дислоцирани две избирачки места кои немале доволна квадратура за исполнување на здравствените мерки за безбедно гласање на граѓаните според утврдениот протокол, потврдија денеска од ОИК Гевгелија.

-Со решение од Државната изборна комисија извршивме промена на локацијата на избирачките места 0344 и 0345. Првото избирачко место (0344) кое беше сместено во зградата на Водната заедница „Повардарие" е преместено во новиот објект на СОУ „Јосиф Јосифовски", а второто избирачко место (0345) од објектот на подрачната единица на Агенцијата за вработување се преместува во просториите на гевгелиското Здружение на пензионери, велат од ОИК Гевгелија.

Од ОИК Гевгелија се надеваат дека навремено ги информираат и запознаваат гласачите од наведените избирачки места со дислокацијата на двете избирачки места и дека на 15 јули, додека трае гласањето, без проблем ќе се упатуваат кон новоодредените локации да го остварат своето право на глас.

притисни ентер