Ѕанакопулос: Се најдоа двајца лидери со мозок да стават крај на спорот

Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос  во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос истакна дека со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации.

Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.

- ВМРО-ДПМНЕ го нарекува господинот Заев предавник. Нова демократија и господинот Мицотакис го нарекуваат господинот Ципрас предавник. Прашањето е, на крај кој од двајцата е предавник? Господинот Ципрас или господинот Заев? Никој од нив двајца не е предавник, дами и господа од опозицијата. Едноставно, конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на еден спор што лишуваше дипломатски и политички капитал од Грција, но и од Балканот. Се најдоа двајца лидери, конечно да го затворат поглавјето на националистичка ескалација и на приврзаниците на Големата идеја кои не се однесуваат само на нашите соседи, туку се однесуваат и на вашите големи идеи и на вашите националистички апсурди, рече Ѕанакопулос, обраќајќи се до опозициската Нова демократија.

Во голем дел од говорот, Ѕанакопулос со критики и обвинувања, одговори на критиките и обвинувањата од Самарас, кој говореше пред него во грчкиот парламент.

Рече дека поранешниот премиер, на начинот на кој управуваше со преговорите „ги дестабилизираше односите со соседната земја“ и порача дека Нова демократија „го има послано тепихот за национализмот“. /МИА

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер