Ѕанакопулос: Договорот е неопходен политички и дипломатски компромис

Станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години.

Станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години, вели портпаролот на владата на Грција и министер без ресор Димитрис Ѕанакопоулос во интервју за грчката телевизија ЕРТ и додава дека тие како влада се задоволни и горди за она што го постигнале.

- Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или изразуваат спротивставеност, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја, рече Ѕанакопулос и додаде дека вчера беше направен многу важен чекор за стабилизација на поширокиот регион на Балканот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос во интервјуто се осврна на придобивките за Грција од постигнатиот договор, во однос на ерга омнес името, уставната ревизија и отстранувањето на иредентизмот.

Во однос на обвинувањата од опозициската Нова демократија, Ѕанакопулос рече дека Мицотакис можеше да одбере критика поврзана со суштината на договорот.

- Премиерот и министерот за надворешни работи имаат ex officio надлежности за да потпишат меѓународни договори. Ако Мицотакис се сомнева во тоа дали владата има доверба од парламентот, не му преостанува ништо друго освен да достави предлог за гласање на недоверба на владата. Зошто не го стори тоа?, рече Ѕанакопулос во однос на критиките од лидерот на Нова демократија дека владата нема „правен легитимитет за да го потпише договорот“. /МИА

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер