Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани - Канал 5

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани
Преку герила-акција пред обвинителството движењето „Кој е следен“ најави дека ќе се приклучат на утрешниот протест на родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Уапсени три лица во реонот на Гази Баба, со намера да подметнат пожар- кај Смилковско езеро биле најдени изгорени гуми и ракавици

Пиромани, невнимателност или смислено сценарио, кој и зошто предизвикува пожари во Македонија? 

 Уапсени три лица  во реонот на Гази Баба, со намера да подметнат пожар- кај Смилковско езеро биле најдени изгорени гуми и ракавици

Досега официјално се поднесени две пријави за предизвикување на пожар, а од денеска под лупа се и тројца малолетници, странски државјани, кои синоќа пред полноќ биле фатени во скопски Илинден со полн ранец со бензи, петарди, запалка и течен лепак. Се уште се расветлува нивната намера... Во екот на се погласните сомнежи дека пожарите во земјава не се случајни, се повеќе се разгорува и политичката пресметка и станува мегдан за меѓупартиски обвинувања.

Од Македонски шуми велат дека повеќето од пожарите не укажуваат на подметнувачи кои имаат бизнис интереси, односно се повеќе гори ниска вегетација, а не дрвја кои потоа би можеле да се откупат за ниска цена. Според него, пожарите се исто така предмет на подметнување.

Дека станува збор за подметнати пожари денеска потврди и премиерот Мицкоски.

-Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, имаме и приведени лица кои што тоа го правеа, особено на територијата на Скопје, затоа што пожарот, последниот кој што вчера се случи во близина на Смилковско езеро, беше навечер, после 9 часот и тоа што го најдовме таму, но и три лица кои потоа беа обезбедени, укажуваат на тоа дека постои основано сомневање за координирана и добро осмислена акција, особено во Скопје,- -Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ пак, дека СДСМ се „сити“ поради состојбите, претседателот на партијата Венко Филипче вели дека „подадената рака“ за заедничко справување го демантира таквиот наратив

-Ниту еден од СДСМ, поединец, ниту функционер ниту градоначалник има намера да се сити со некаква криза, за се што се случуваше во изминатата една година имаме критика која што е сериозна, истовремено имаме и конкретен план како заеднички да настапиме да го надградиме системот,- -Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Инаку, обвинителството во моментов прибира докази и ги истражува околностите под кои се запали депонијата во скопско Визбегово, чиј сопственик беше приведен поради напад врз новинарска екипа и за него се бара притвор. За осомничената пак е предложена мерка домашен притвор, бидејќи имала две малечки деца.

YouTube video

Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка

Во продолжението на 59. седница Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија по скратена постапка.

Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка

На седницата беа изгласани по скратена постапка и измените и дополнувањата на законите за научно-истражувачка дејност, за платежни услуги и платни системи и за воздухопловство, по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ги донесоа и измените и дополнувањата на законите за возила и за здравствено осигурување.

Претходно Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител. Беше прифатен и предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година. Ова беа последните точки за расправа со што беше исцрпен дневниот ред на 59. седница.

Мицкоски: Нема да се однесуваме незрело и да ги напуштаме преговорите, попосветени ќе продолжиме со реформите

Негирање на идентитет и јазик на еден од намалубројните народи во Европа од страна на соседна Бугарија е чин без преседан и е се само не европска вредност

Мицкоски: Нема да се однесуваме незрело и да ги напуштаме преговорите, попосветени ќе продолжиме со реформите

Негирање на идентитет и јазик на еден од намалубројните народи во Европа од страна на соседна Бугарија е чин без преседан и е се само не европска вредност, порача премиерот Христијан Мицкоски по реакциите од гласањето во ЕП и бришењето на македонски јазик и идентитет од извештајот на Вајц. Според него ваквата вештачка архитектура што бугарските преставници се обидуваат да ја наметнат, влијае и врз имиџот и вредностите на ЕУ, но земјава како што рече останува на европскиот пат и посветено ќе работи на домашните реформи. По неговите повици за национално обединување Мицкоски посочи дека власта подала рака, но опозицијата наместо да ја прифати, одлучила да ликува и неоправдано да критикува.

-Јас навистина не можам да прифатам како европратеници којшто вчера гласаа за бришење на бришење на македонскиот идентите и јазик мирно ќе спијат, а им благодарам на сите оние 120 и нешто којшто гласаа против и оние којшто се воздражаа од било какво гласање. Грешките од минатото нема да ги правиме. Иако можеби некој очекуваше дека после вчерашниот извештај дека ние сега револтирано ќе напуштиме договори и преговори, ние незрело и неодговорно нема да се донесуваме, напротив, остануваме уште попосветени, уште пофокусирани, ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме посакувани од ЕУ, изјави Мицкоски.

На национално обединување денеска повика и коалициониот партнер во власта ЗНАМ кој упати остри критики по исходот во ЕП и антимакедонската реторика што се слушна од бугарските и грчки европратеници. Партискиот лидер, Максим Димитриевски вчерашниот ден го оцени како тежок и неправеден и повика да се направи заедничка платформа на сите партии. Според него Бугарија води политика на културна агресија и историско фалсификување, а ЕУ ја толерира политиката на реваншизам што доаѓа од Софија.

-Нема гасни комори, но има политички условувања. Нема возови кон Треблинка, но има преговори што водат кон поништување на идентитетот. Нема униформирани фашисти, но има модерни дипломати со исти цели: да го претворат македонскиот народ во историска забелешка, без јазик, без култура, без корен. Тоа што не го завршија со еврејската заедница во Македонија во 1943, сега се обидуваат да го сторат со целиот македонски народ. Ако ЕУ дозволи еден нејзин член, како што е Бугарија, да ги претвори преговорите во средство за историски реваншизам, тогаш таа дозволува унија во која слабите се жртви, а силните го прекројуваат идентитетот на соседот, рече Димитриевски.

И Мицкоски и Димитриевски се на став дека после национализмот и етношовинизмот што, според нив, можеше да се слушне од поедини претставници од Бугарија, повеќе од јасно е дека темата за уставни измени дури и со одложено дејство е целосно депласирана и тоа не е единствениот услов за македонските интеграции.

YouTube video

притисни ентер