Движење БЕСА: Коректниот однос на БЕСА со официјална Тирана е неспорен

Линијата помеѓу тоа да се биде корисен во тесна ситуација, од една страна, и да се користи таквата ситуација во своја полза од друга страна, е многу тенка, затоа внимавајте!

Артан Груби но и Али Ахмети секогаш кога се наоѓаат на раскрсница и не знаат кој пат да го одберат, односно како да се справат со моменталната состојба во Владата, тие бараат помош од Еди Рама или кратко кажано, го употребуваат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата.

И овој пат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении.

Токму ова е причината што Движењето БЕСА и Билал Касами нема да седнат на маса со оние кои не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама. Ние пред шест години присуствувавме на состанокот со Еди Рама, каде што ветивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците во Северна Македонија, но овој договор никогаш не ја виде светлината на денот. Затоа што вака одлучија Артан Груби и Али Ахмети. Неколку пати баравме заедничка средба на политичките лидери, но тоа не се случи. Побаравме и објаснување за неисполнувањето на овие точки што ги ветивме, што исто така не беше разјаснето. Сега се поставува прашањето зошто е потребно повторно да седнеме со овие луѓе, кога знаеме дека состанокот завршува без исполнување на договореното.

Сметавме дека е потребно ова објаснување, ние како Движење БЕСА да им го дадеме на граѓаните, кои се повеќе веруваат во нас. Движењето БЕСА и Билал Касами, при секоја посета на официјална Тирана, наидуваат на топло гостопримство. Многу брзо планираме средба со господинот Рама, но како сериозна партија, како партија која координира, а не како ДУИ кои средбата со албанскиот премиер ја користат за спас и лични интереси. Што се однесува до неуспесите на партија на ДУИ, денеска нема да зборуваме, бидејќи тоа е премногу. Доволно е што секојдневно слушаме за нивните неуспеси , токму од сопствените незадоволни членови. Партија која со децении не може да заврши голем проект за Албанците, не очекуваме ниту да го среди статусот на Албанците во РСМ. Да не губиме повеќе време, да распишеме предвремени избори, затоа што после нив, ќе дојдат луѓе кои имаат идеи и визија не само за Албанците, туку и за сите што живеат во Северна Македонија.

Движење БЕСА

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во земјава, на кој ќе се дискутира и за улогата на високото образование во обликувањето на иднината во оваа област ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Мицкоски во посета на општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци./МИА

Специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш во посета на Собранието

Собранието денеска ќе го посети специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Франгеш ќе се сретна со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

притисни ентер