Две воспитувачки во тетовските градинки во изолација дома поради Ковид-19

Две воспитувачки од градинка објект Тетекс во Тетово се евиденитирани како заболени од Ковид-19, а нивните групи со деца и колешките се во изолација дома.  

Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост" Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

–Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во јуни кога беше направен скрининг кај вработените во градинките, немаше ниту еден позитивен случај.

Во објектите на ОЈУДГ „Младост" во Тетово според протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1387 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно болни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19./МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер