Две новозаболени млади лица од коронавирус во Тиквешко

Два нови случаја позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко во последните 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за 25 годишна жена од Кавадарци која претходно контактирала со лице позитивно на Ковид-19 и 27 годишен неготинец кој кажал дека не знае како се заразил.

Двајцата биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација./МИА

Антисемитизмот во САД порасна за 200 отсто за време на конфликтот Израел-Хамас

Во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти.

По нападот на палестинскиот Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година, во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти, што претставува најголем број во една година, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето на Лигата за антидефамација (АДЛ).

Ова е највисок број на инциденти против припадниците на еврејската заедница, вклучувајќи злосторства од омраза, навреди, малтретирања и вандализам откако АДЛ почна да ги следи овие настани во 1979 година, пренесе Аксиос.

Бројот на овие инциденти е зголемен за повеќе од 200 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Бројот на антисемитски, исламофобични и антиарапски инциденти драстично порасна за време на конфликтот меѓу Хамас и Израел, што предизвика остри реакции на колеџите низ САД. Најмалку 1.200 инциденти се случиле на универзитетските кампуси, додека 2.000 се забележани во еврејски институции.

- Американските Евреи од 7 октомври не знаат за мир, изјави извршниот директор на АДЛ, Џонатан Гринблат. Тој додаде дека, наместо тоа, се соочуваат со огромен број на закани и повици за насилство врз Израелците и Евреите.

По нападите, администрацијата на претседателот Џо Бајден презеде неколку нови иницијативи како одговор на растечкиот антисемитизам низ целата земја. /МИА

Гранди: Израел со нападите врз Либан го прекршува меѓународното право

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди, денеска во Бејрут изјави дека Израел ги прекршува меѓународните хуманитарни закони со своите воздушни напади врз Либан, бидејќи ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура.

Гранди е во Либан за да помогне во обезбедувањето сместување за повеќе од 1,2 милиони раселени лица, откако Израел ги засили воздушните напади и започна копнена операција.

Тој истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) го информирала дека Израел напаѓал здравствени установи на различни локации во Либан.

- Борбите принудија околу 220.000 луѓе да преминат во Сирија, од кои 70 отсто се Сиријци, а 30 отсто Либанци, додаде Гранди.

Тој посочи дека поради израелските бомбардирања, патот до граничниот премин Масна е уништен, што го отежнува бегството на луѓето од Либан во Сирија.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 10.000 се ранети во Либан за време на борбите со Израел во изминатата година, при што поголем дел од жртвите настрадаа во последните две недели, соопшти Министерството за здравство на Либан.

Израел соопшти дека во судирите со либанската милитантна група Хезболах, загинале околу 50 цивили и војници. /МИА

Иран ги откажува летовите поради заканите од израелски напад

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро.

Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали.

Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени.

Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран.

Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијата. /МИА

притисни ентер