Две лица од Радовиш уништиле десет питуси на локалитет „Баргала“

Радовишани ги уништиле непроценливите Питоси во археолошкиот локалитет „Баргала“, објави денеска штипската полиција. 18 и 19 годишните момчиња на десетти минатиот месец, ги уништија овие големи керамички садови, лоцирани на неколку места во ископините на древниот антички град, лоциран на падините на планината Плачковица, во непосредна близина на Штип и Карбинци. Надлежните истражни органи не ги откриваат мотивите за ваквиот вандалски чин на овој нашироко познат древен антички локалитет.

-СВР Штип поднесе кривичнa пријава против Б.У.(19) од с.Али Коч, Радовиш и С.С.(18) од с.Парналија, Радовиш поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, изјави Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип.

Кршењето на десетте питуси е трет атак врз македонското археолошко богатство во „Баргала“, во рок од седум години.

Заев: Туризмот во периодот јануари-јули 2021 година е зголемен за 56,6 отсто

​Мерките на Владата даваат видливи резултати, туризмот во периодот јануари-јули 2021 година е зголемен за 56,6 отсто во споредба со истиот период претходната година, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

-Денеска го одбележуваме Светскиот ден на туризмот, под глобалното мото „Tourism for inclusive growth”.

Владата со конкретни мерки, во консултација со сите чинители во секторот, ја поддржа оваа индустрија која беше една од најпогодените од пандемијата во светски рамки. Мерките кои се имплементирани, годинава дадоа видливи резултати: бројот на туристите во јули 2021 година изнесува 136.291, од кои 66,4 отсто се домашни туристи, а 33,6 отсто се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јули 2021 година изнесува 618.314, од кои 83 отсто се од домашните туристи, а 17 отсто од странските туристи, напиша Заев.

Во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 46,4 отсто, истакна Заев и посочи дека кај домашните туристи има зголемување за 36,4 отсто, а кај странските зголемувањето е за 79 отсто.

-Како главни проекти кои придонесоа за зголемување на бројот на туристи беа кампањата „Дома си е дома" и ваучерите за домашен туризам, додека кај странските туристи безнедосниот печат (safe travel stamp). Секторите туризам и угостителство и оваа година беа поддржани со директни грантови од страна на Владата, напиша на ФБ премиерот Заев.

Бензините поевтинуват, а дизелот поскапува за еден денар

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.

РКЕ информира дела во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.

Пристигнува нова пратка на фингерпринт апаратите

Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава.

Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.

Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог". За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.

притисни ентер