Две деца загинаа во превртен трактор во струмичко

Денес во 15:15 часот две деца на возраст од 14 и 15 години го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи на мост на реката Струмица, на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврди портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Според првичните сознанија, тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата./МИА

Мицотакис на тест, ќе гласа ли Нова Демократија за законите произлезени од Преспанскиот договор?

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред првиот вистински тест во Собранието за Преспанскиот договор.  

Три меморандуми, потпишани лани меѓу Скопје и Атина, веќе се во собраниска процедура и наскоро ќе се најдат на гласање во грчкиот парламент. Процедурата ја разгори политичката дебата во земјата, зашто се очекува пратениците на Мицотакис прв пат да кренат рака за предлог законите од Преспанскиот Договор. Ова се први договори во Собранието во мандатот на Нова Демократија, чии пратеници додека беа во опозиција категорично гласаа против договирте што произлегуваат од Спогодбата. Оттука, екс грчкиот премиер Алексис Ципрас, порачува дека ќе побараат јавно гласање на трите договори. Вели рече дека очекува секој еден од 158-те пратеници на владеачката партија да се извини за поделбите и лагите што ги предизвикале околу Преспанскиот договор во периодот додека биле во опозиција.

-Извинување за нападите, извинување за куршумите до министрите и пратениците од СИРИЗА, извинување за подметнувањето пожари пред нивните домови, извинување за мизеријата што се случи пред две години. И, пред сè, извинување за измамата на обичните граѓани, на кои им рекоа дека СИРИЗА ја предава Македонија, рече Алексис Ципрас, лидер на Сириза

Првиот предлог закон, што ќе се стави на гласање, како што објави МИА е меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, вториот е за формирање на Координативен комитет за економска соработка и третиот за Техничка спогодба за надзор на македонскиот воздушен простор од грчки воени авиони. Односот на Нова Демократија кон Преспанскиот договор се актуелизира по минатонеделната средба меѓу премиерите Заев и Мицотакис во Атина. Последните пораки на некогаш најгласниот противник на Спогодбата, Мицотакис, беа дека е обврзан да го почитува Договорот, иако и натаму смета дека е проблематичен.

Сите настинки не се ковид, како да се лекуваат децата?

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот.

Не секоја покачена температура значи дека детето се заразило со КОВИД 19, велат лекарите кои апелираат до родителите да не се упатуваат веднаш кон ординациите, туку најпрво телефонски да се консултираат со матичниот доктор, кој треба да е достапен за своите пациенти, или да има друг лекар кој го заменува.Температурата значи дека има борба, се остава да се избори организмнот два три дена, но мора да се контактира со матичниот лекар, да се рехидрира детето...

Дел од родителите, особено за време на викенд, плашејќи се за здравјето на своето дете, се упатуваат во Клиниката за детски болести. Но, поради заштита на дечињата што се лекуваат во оваа болница, а имаат сериозни заболувања, сите пациенти со висока температура, според протоколот, се праќаат на преглед во Институтот во Козле, кој е и Ковид- центар.

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот, а симтомите на вирусните инфекции се слични на оние на коронавирусот.

Парламентот до крајот на септември ќе треба да ги потврди одлуките на Пендаровски за вонредна состојба!?

Речиси два месеци од конституирањето на Собранието одлуките на претседателот на Стево Пендаровски за вонредна состојба се уште стојат непотврдени од пратениците. 

Иако од Вила Водно до кабинетот на Талат Џафери одлуките се испратени веќе одамна собранискиот спикер се уште не ги има ставено на дневен ред.

Нема прецизна информација кога пратениците ќе расправаат за потврда на прогласувањето вонредна состојба. Од кабинетот на Талат Џафери велат ќе информираат навремено кога претседателот ќе свика седница. Неофицијално, од парламентарното мнозинство велат одлуките ќе се најдат на седница до крајот на месецов.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели тие ќе гласаат за потврда на одлуките на Пендаровски и за тоа ќе изнесат аргументи на седницата. Координаторот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски вели денеска добиле најава дека одлуките на седница ќе се најдат на 29-ти септември. Но, како ќе гласа опозицијата останува неизвесно. Мицевски вели додека дел од претседателските одлуки ќе ги поддржат, за нив особено спорни се последната и претпоследната одлука на Пендаровски бидејќи, како што велат, не бил донесени со консултација на сите политички партии. Неизвесен е и ставот на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Уставот не прецизира со какво мнозинство треба да се верификуваат претседателските одлуки. Што би значело дека собраниските служби ќе пресечат дали „за“ треба да гласат 61 или 80 пратеници, иако претходно Џафери беше дециден дека за одлуката потребно е довтретинско мнозинство.. Доколку тоа биде случај, потврдата на одлуките е неизвесна, бидејќи од опозициските партии нема јасен став како ќе глас.

Инаку, претседателот Пендаровски во последното интервју дадено за Канал 5 предупредува дека непотврдувањето на неговите одлуки може да имаат сериозни последици.

Пендаровски поради епидемијата од коронавирусот донесе пет одлуки со кои прогласи вонредна состојба во периодот од 18-ти марти до средината на јуни.

притисни ентер