Двата тетовски случаи со делта сој на Ковид-19 се заразени кои немаат симптоми - Канал 5

Двата тетовски случаи со делта сој на Ковид-19 се заразени кои немаат симптоми

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. 

Двата тетовски случаи со делта сој на Ковид-19 се заразени кои немаат симптоми

Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат. При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејството што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер.

Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација.

Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи.

Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја разоткриваат вистинската слика за неработењето на новата власт во однос на ЕУ интеграциите, односно има јасен овик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност.

СДСМ уште еднаш апелира до власта да прекине со политички манипулации дома и да престане со надворешна политика водена од дневно-партиски калкулации. Дипломатијата не е театар за домашна употреба, а цената на ваквите авантури ја плаќа целата држава.

Ова не е само пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ова е нов аларм дека европскиот пат е сериозно загрозен со оваа власт.

СДСМ

Зоран Јованов, таткото на Васил не се појави на денешното судење ,обвинителството го преквалификува делото

Осомничениот Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на Партизанска во Скопје не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. 

Зоран Јованов, таткото на Васил не се појави на  денешното судење ,обвинителството го преквалификува делото

Поради тоа стартот на судскиот процес против таткото на Васил, Зоран Јованов е доложен за 3 септември 2025 година.

Судењето кое требаше да започне денеска се одложи поради отсуство на обвинетиот Зоран Јованов, кој како што информираше судијката Снежана Марковска, која беше судија и во процесот против неговиот син Васил Јованов, бил неуредно повикан за денешната расправа, што е констатирано од повратниците на поканите кои пристигнале до Судот.

На денешното рочиште беше соопштено дека Обвинителството извршило измена на обвинителниот предлог.

- Со оглед на тоа што како пост фестум се појавија и други докази, неминовно беше новата фактичка состојба да се сублимира под поинаква правна квалификација – рече јавниот обвинител Александар Марковски.

Така, наместо претходното обвинение за „предизвикување општа опасност“, сега Јованов се гони за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“.

Кривичното дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид, ве чекаме во сабота на добра музика.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во сабота на „Центарска симфонија“, концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.

Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).

„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.

Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.

„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.

Се гледаме во сабота, на музика, под ѕвезди, во Центар!

Општина Центар

притисни ентер