Двајца скопјани сериозно повредени во сообраќајка на патот Тетово - Групчин

Двајца скопјани се здобиле со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што изминатата ноќ околу 3 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“

.Според информациите од полицискиот увид тие биле во патничко возило „БМВ“ што загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива. Најверојатна причина за несреќата е пребрзо возење а вкупната материјлна штета се проценува на околу 300 илјади денари.

-Од излетувањето и превртувањето двајцата скопјани на возраст од 44 и 36 години задобиле тешки телесни повреди и со возило на Брза помош и друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница а по укажаната лекарска помош итно се префрлени на скопските клиники. По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на излетувањето и се утврдуваат причините за излетувањето, кој го управувал возилото и се друго поврзано со оваа несреќа, изјава Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Според полициската статистика неприлагодената брзина односно пребрзото возење заедно со неправилното вршење дејствие се најчести причини за сообраќајни несреќи во Полог во последниве неколку години. Минатиот месец во тетовско гостиварскиот регион се случиле вкупно 82 сообраќајни несреќи од кои 14 биле резултат на пребрзото возење и со тешки последици. Вкупно во минатомесечните сообраќајки во полошко имало 44 повредени и 2 загинати лица.


Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник

Дел од опозицијата ги поддржа овие измени.

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ најави дека седницата на која ќе се расправа за измените на Законот за локални избори, за да тие се одржат на 2 јуни, е закажана за понеделник во 11 часот,јави дописникот на МИА од Белград.

-Она што ме радува е што повеќе од две третини од пратениците го поддржаа предлогот за измени на Законот за локални избори, вкупно 184 пратеници се предлагачи на измени на законот, рече Брнабиќ.

Таа прецизираше дека сите пратеници на владејачката коалиција, потоа од опозицијата-Народното движење на Србија, Новото лице на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, независните пратеници на Движењето на слободни граѓани, како и партијата на Шаип Камбери дале поддршка.

Брнабиќ изјави дека одлуката на опозицијата за бојкот на изборите е неодговорна и дека тоа ја покажува нивната врвна несериозност.

-Мислам дека тоа покажува највисоко ниво на неодговорност. Разговаравме 17 дена, тоа беше предлог на маса. Дури ни дадоа рок до 18 април, и ние го испочитувавме тој рок. Ако сакаат да бојкотираат нека бојкотираат Не би се занимавала повеќе со тоа. Нека им објаснат на своите поддржувачи зошто е таква одлуката и повторно сум сигурна дека ќе го сменат мислењето. Тоа е и мојата препора, изјави Брнабиќ.

На новинарско прашање колку е реално да се исполнат барањата на опозицијата во однос на избирачкиот список и медиумите, Брнабиќ рече дека ќе се обиде да ја забрза работата, дека работните тела кои ќе се занимаваат со контрола на избирачкиот список а по препораките на ОДИХР ќе се формираат што е можно поскоро.

-Во однос на медиумите ќе побарам да имаме средба со медиумите и да ја отвориме и таа тема. Ќе дадам се од себе до 2 јуни да спроведам што е можно повеќе, особено во однос на медиумите и избирачкиот список. На крајот на краиштата, неколку пати го поставив тоа прашање „зошто инсистирате на тоа ако се сомневате дека сите препораки на ОДИХР може да се спроведат дотогаш“, рекоа затоа што тоа ќе обезбеди да немаме миграција на гласачи. Тие инсистираа и ние тоа го прифативме, иако се уште мислам дека нашиот предлог да се одржат изборите во Белград сега, а сите други наесен беше многу подобар, рече Брнабиќ. /МИА

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ

Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. /МИА

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

притисни ентер