Двајца битолчани обвинети за дистрибуција на детска порнографија

Првиот обвинет, во периодот од  јули до септември 2016 година злоупотребил оштетена која тогаш била на возраст од 13 години, за изработување на аудиовизуелни слики со порнографска содржина. 

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот се товари за продолжено кривично дело – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 став 2 од Кривичниот законик, додека двајцата како соизвршители сториле и кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет, во периодот од јули до септември 2016 година злоупотребил оштетена која тогаш била на возраст од 13 години, за изработување на аудиовизуелни слики со порнографска содржина. Преку Фејсбук профил со друго име тој во повеќе наврати комуницирал со девојчето, од ИП-адреси физички лоцирани во Нов Јужен Велс, Австралија, каде обвинетиот престојувал од 30.03.2016 година. Притоа ја убедил оштетената, за која знаел дека е малолетна и нема навршено 14 години, да направи интимни видео клипови со порнографска содржина. Клиповите оштетената му ги испратила на обвинетиот, а во зимата 2017 година тој овие видеа со детска порнографија ги прикажал на друго дете кое не наполнило 14 години, испраќајќи ги од истиот Фејсбук профил во порака на втората оштетена.

Во периодот меѓу 09.09.2010 година и 30.03.2016 година, во Битола, обвинетите браќа, како соизвршители, преку компјутерски систем набавиле и поседувале над 8000 слики и видеа со содржина на детска порнографија, сочувани на хард диск и ДВД-а кои биле пронајдени и одземени при претрес на нивната куќа. Фотографии со детска порнографија биле пронајдени и при проверка на нивните мобилни телефони.

Еден од обвинетите во текот на истражната постапка подолго време беше недостапен за органите на прогонот, па неговото присуство во текот на постапката беше обезбедено во постапка за екстрадиција со помош на Интерпол и надлежните органи на Република Грција. Дел од доказите во прилог на обвинителниот акт беа обезбедени преку инструментите на меѓународна правна помош од Австралија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, кој се наоѓа во притвор откако беше лишен од слобода во Република Грција и екстрадиран во земјава. Како основ за продолжување на притворот се наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​

Под камен пронашле грне со злато, по што почнале критики дека лажат- ги издала змија (ВИДЕО)

Корисникот на Инстаграм @felezyabie неодамна објави интересно видео кое предизвика големо внимание, и ги подели мислењата на корисниците.

На профилот стои дека сакал археологија, а нуди совети за купување детектор за метал и „толкување на антички симболи“.

Во споменатото видео гледаме група луѓе кои со голема мака ја поместуваат карпата од земја, користејќи трактор и синџири, а потоа почнуваат да копаат.

Потоа вадат старо грне, во кое што ги чека големо изненадување, пренесува Times Now News.

Садот е полн со злато, а на врвот ги чекала жива змија!

По првичниот страв, луѓето го превртеле грнето, а внатре имало куп монети и други вредни предмети. Навистина, сè изгледало како неверојатно откритие додека не се појавил еден „ситен“ детал.

Имено, многу корисници се посомневале дека видеото е монтирано, односно лажно. Најмногу им пречело тоа што во закопаното грне имало жив рептил.

И додека коментарите се нижат, сопственикот на профилот проговори и објасни:

„Почитувани пријатели, ова видео има за цел да ја запознае јавноста со процесот на истражувачот. Никој не рече дека е реално, зошто сите навреди и пцовки“.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

притисни ентер