Два протеста вечерва пред Владата, за скандалот „Онкологија“ и против измените на КЗ

Два протеста се одржаа вечерва пред владината зграда – едниот за скандалот со Онкологија, вториот против измените на Кривичниот законик, организиран од студенти на Правниот факултет.. 

Два протести на исто мести и во исто време. По трет пат како и секој понеделник пред владата се одржа протестот против случувањата на клиниката за онкологија а за прв пат во исто време на протест излегоа и група студенти од правнито факултет поради измените на кривичниот закон. На протестот на кој се бараше правда за жртвите на онкологија се бараше оставки, брза разрешница на криминалите и со боја и со крвави пари се направи споредба како во очите на граѓаните кои ги минувале ходниците на онкологија изгледа медицинскиот персонал кој за крвави пари оставал пациенти без терапија кога им била најпотребна во борбата за живот. Од организаторите на протестот побараа итна разрешница на состојбите за кои сведочат граѓаните.

Граѓаните кои излегоа да дадат поддршка на протестот се револтирани од информациите за случувањата на Онкологија.

Поддршка на протестот дадоа и студентите од правен кој сепак излегоа за да го искажат своето незадоволство од брзите и нетранспарентни измени на кривичниот закон со кој според ни се уништува правниот систем.

Групата на граѓани протестот го преселија пред јаното обвинителство овојпат по нова рута поминувајќи пред Министерството за правда.

Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија

Францускиот напаѓач Оливие Жиру се осврна на повредата на Килијан Мбапе на натпреварот со Австрија (1:0) на Евро 2024 година.

- Повредата на Мбапе остава белег по победата. Секако, малку сме вознемирени поради неговата повреда. Отиде на лекарски преглед. Немам што да додадам повеќе за неговата повреда. Се надевам дека ќе се врати што е можно побрзо, изјави Жиру по натпреварот.

Мбапе во 86. минута од натпреварот се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо, по што заврши на тревникот. Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено да се лекува без операција. /МИА

“Чад на хоризонтот” за нелегалното оружје на Балканот

Публикацијата “ Чад на хоризонтот” ја анализира поврзаноста на нелегалното оружје на Балканот со војната во Украина.

Профит на организираниот криминал од војните не е првото нешто што ни паѓа на ум, додека со ужас го следиме разорот во Украина. Но, сите војни имаат дополнителни свои негативни ефекти на прелевање и долгорочни штетни последици. За дел од нив можевме да посведочиме и од конфликтите во некогашна Југославија во 1990-тите и тука вбројувајќи го и оној во Македонија во 2001-вата година.

Во својата нова публикација Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) насловена како “ Чад на хоризонтот” анализира дека како што се зголемува приливот на оружје во Руско-Украинската војна, така паралелно се зголемува и ризикот од потенцијалниот шверц на истото надвор од границите на војната.

Александар Србиновски, координаторот за Македонија и Југоисточна Европа за ГИ-ТОК, информира дека ова истражување било спроведено во 2023 и 2024 година на територијата на Украина и во државите од Западна и Источна Европа и Балканот.

- Во истражувањето вршевме собирање на цените на црниот пазар за оружјето во Украина, во Европа и на Балканот, под претпоставка дека ако се изврши споредба на цените во различни локации, ќе се дознаат и потенцијални промените во овој нелегален бизнис. Токму сублимираните податоци на овој начин на глобално ново ќе ни ја расветлат и природата на понудата и побарувачката на нелегалното оружје на национално и транснационално ниво – вели Србиновски.

Според него податоците во истражувањето се добиени од најмалку стотина интервјуа со преставници на полициите на државите во Европа, истражувачките новинари, универзитетските професори како и претставниците на подземјето во бројните земји.

- Квалитативните интервјуа со извори од подземјето, органите на прогонот, новинарите и други помогнаа да се разјасни сликата за овој проболем во однос на податоците за побарувачката за оружје кај криминалците, апетитот за ризик и потенцијалните двигатели и бариери на овие структури. За да ја имаме целосната слика се изврши и собирање на информации за заплени и официјални извештаи за огнено оружје и истражување за трговијата на оружјето на дарк веб интернет страниците – објаснува Србиновски.

Што се однесува на Балканот, додава Србиновски податоците во публикацијата “ Чад на хоризонтот”, велат дека барем засега не постои доказ дека балканските криминални групи шверцуваат оружје кон и до Украинските фронтови, но она што е многу загрижувачко е дека цената на нелегалното оружје е во пораст во регионот, а тоа е пак иницира дека за оружјето на Балканот расте и побарувачка.

Во израелски напад врз бегалскиот камп Нусеират загинаа најмалку 17 луѓе

Најмалку 17 луѓе загинаа при синоќешното израелско бомбардирање врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, објавија локалните медиуми.

Најмалку 274 раселени Палестинци се убиени во бегалскиот камп Нусеират во текот на месецот, откако израелската армија изврши операција за спасување на четири израелски заложници. /МИА

притисни ентер