Два пожара вечерва во Росоман

Два пожара избувнаа вечерва во Росоман. Како што потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, во моментов гори кај железниот мост на пругата што води кон кавадаречка фабрика.

-Прво гореше над бензинската пумпа кај Сирково. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило ги гаснеа запалените сува трева и отпад и не дозволија пламените јазици да се прошират и да ја загрозат бензинската, го локализираа пожарот, појаснија од Единицата.

Пожарот што засега гори кај железниот мост зафатил шума и насади со праски. Во гаснењето учествуваат четворица пожарникари со две противпожарни возила. /МИА

Му паднал прстенот во вода, додека ја барал за жена покрај водопад (ВИДЕО)

Девојката  чие момче одлучи да ја побара за жена покрај водопад, беше шокирана откако прстенот паднал во водата, но наскоро откри дека тоа било дел од неговиот план.

Видеото снимено на водопад во Ајдахо на 5 јули привлече големо внимание откако е објавено на Вирал Хог, а младиот човек беше пофален од многумина на социјалните мрежи за првичната идеја, иако имаше и такви кои имаа поинакво мислење.

Дечкото од видеото изјави дека „сакал да го зачини незаборавното просење“. „Сè беше совршено испланирано и таа рече да,“ рече тој. Погледнете како изгледаше.

И додека многумина го нарекоа видеото прекрасно, не беа сите воодушевени . „За среќа, таа не се онесвести и падна самата во вода.“, „Еден чекор од наградата Дарвин“, напишаа некои.

Трамп жестоко ги нападна медицинските експерти поради коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нападна на Твитер медицинските експерти кои се борат против коронавирусот, обвинувајќи ги дека си играат политика и го отежнуваат економското закрепнување.

Тој денеска ги сподели објавите на некои конзервативци на Твитер, но самиот не ги коментираше.

„Сите лажат. ЦДЦ, медиумите, демократите, нашите лекари, не сите, но мнозинството, за кои ни е кажано да им веруваме“, стои во една од објавите што Трамп го сподели, мислејќи на Центрите за контрола на болести.

Друг твит што го сподели се чини дека доаѓа од профилот на теоретичарите на заговор.

Советниците на Трамп започнаа и напади врз Ентони Фаучи, главен владин експерт за заразни болести. Тие, наводно, им пренеле на американските медиуми список на неговите изјави на почетокот на пандемијата кои биле неточни, објави „Вашингтон пост“.

Претседателот Трамп во четвртокот рече дека Фаучи е „добар човек, но направил многу грешки“, укажувајќи на пресврт во Белата куќа.

Фаучи не бил во американска телевизија со недели и не го информирал директно Трамп од минатиот месец.

Претседателот се најде под оган за своите изјави, вклучувајќи го и тврдењето дека вирусот одеднаш едноставно ќе исчезне, залагајќи се за неодобрен медицински третман и ја минимизирање важноста за носење маска.

Во меѓувреме, голем број држави во САД забележаа зголемување на бројот на заразени, а бројот на починати се зголемува во повеќе од десетина држави.

Флорида забележа 15.000 нови случаи во еден ден минатиот викенд во време кога економијата продолжува да се отвора.

Општина Маврово и Ростуше доби донација од ЕУ во заштитни маски и средства за дезинекција

Општина Маврово и Ростуше деновиве добила донација од ЕУ, која се состои од заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за поддршка на напорите на локалната самоуправа во борбата против Ковид-19.

– Донираните материјали се резултат од заштедите кои се направени во рамки на проектот ,,Подготвителни активности за ИПА 2020, Програма за поддршка на општините" (Prep4MSP) кој е проект финансиран со средства од ЕУ во блиска соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамки на грантовата шема ЕУ за општините, информираа од општината.

Од таму искажуваат голема благодарност до делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во изминатиот период во неколку наврати Јавната здравствена установа „Д-р Русе Бошковски" во Ростуше, доби заштитни средства, скафандери,визери, медицински маски од повеќе компании и институци./МИА

притисни ентер