Дурмиши - Туркменоглу: Поддршката од нашите партнери има голем придонес - Канал 5

Дурмиши - Туркменоглу: Поддршката од нашите партнери има голем придонес

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со шефот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, Фатих Туркменоглу.

Дурмиши - Туркменоглу: Поддршката од нашите партнери има голем придонес

На средбата, како што соопшти Министерството за економија и труд, се разговарало за главните приоритети на Министерството согласно последната реорганизација на министерствата, за досегашната соработка со ЕБОР, како и за идни проекти.

Министерот Дурмиши истакнал дека фокусот на работа на Министерството за економија и труд од сега ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, односно поддршка на домашните компании и подобрување на условите за странските инвеститори, како и развојот на пазарот на труд, односно подобрување на работничките права во државата.

-ЕБОР е еден од најголемите поддржувачи на нашата држава со инвестиции во различни проекти во различни сектори и има огромен придонес во економскиот и социјалниот развој на нашата држава, се наведува во соопштението.

Министерот Дурмиши на состанокот потенцирал дека инвестициските активности и поддршката од ЕБОР се значајни за развојот на нашата економија и има голем придонес за подобрување на деловната клима во земјата.

Министерот искажал уверување дека веќе воспоставената соработка со ЕБОР ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните.

-Како министер за економија и труд се надевам дека заеднички со ваша поддршка ќе работиме на подобрување на условите за работа на домашните и странските компании во земјата, се со цел подобрување на животниот стандард, рекол министерот Дурмиши на средбата.

Двајцата соговорници се согласиле дека ЕБОР е важен стартешки партнер, а инвестициските активности од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој и на државниот и на приватниот сектор.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер