Дука: Меѓу новозаразените од втората фаза на пандемијата повеќето млади

Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на денешната редовна петочна прес конференција искажа загриженост во врска со епдемиолошката состојба со Ковид-19 во општината.

-Во текот на оваа недела земени се вкупно 35 брисеви, од кои шест се позитивни, три негативни, а за останатите се очекува резултатот попладнево или евентуално утре. Во втората фаза на пандемјата имаме вкупно 38 заразени лица, едно е оздравено, додека останатите се активни на болеста, од нив пак седум се на лекување во Скопје, рече Дука.

Кон загриженоста ја додаде и оценката на надлежните дека доаѓаат „полоши денови во врска со ширењето на вирусот и очекуваме следните денови да имаме повеќе инфицирани, повеќе заболени лица, посакуваме да немаме загуба во животи".

Според Дука новозаразените главно се млада популација, ученици и студенти.

-Дваесет до 30 отсто од новозаразените имале контакт во други градови во земјата, поради обврски што ги имале и морале да патуваат во други градови. Повеќето од заразените припаѓаат на младата популација, ученици и студенти, кои манифестираат симптоми на патологија со Ковид19, како што е висока телесна температура, грозница, болки во мускулите, а има и со тешко кашлање и тешко дишење, посочи тој.

Според него рестриктивните мерки речиси не постојат, затоа нагласи, останува на нас самите да се грижиме за нашето и здравјето на другите.

-Треба да се самозаштиме со почитување на предвидените протокол, одржување дистанца, носење маска и почеста дезинфекција на рацете, порача Дука, кој раководи и со општнскиот Оперативен штаб./МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер