ДУИ заседаваше, ВМРО ДПМНЕ вечерва на Извршниот комитет ќе одлучува за министрите

Неофицијалните информации, кои дел медиумите веќе ги објавија, се дека ДУИ го добива ресорот образование и наука и на негово чело ќе се најде Абдулаќим Адеми, потоа за правда се споменува името на Аднан Јашари, за локална самоупорава, Лирим Шабани. Информацитие говорат дека Беким Незири ќе биде нов министер за економија, а во секторот екологија доаѓа Хазби Лика.

На Централен одбор што се одржува во зградата на општина Чаир денеска попладне Демократската унија за интреграција го избира највисокото партиско раководство, но и ги потврдува имињата на оние треба да седнат во дел од министерските фотелји во новата Влада.

Централниот одбор се уште е во тек, но од она што можеше да се дознае неофицијално досега е дека за сигурно Али Ахмети останува на претседателската позиција, за потпретседатели повторно во игра се имињата на тројца градоначалници, Теута Африфи, Невзат Бејта и Изет Меџити. Местото генерален секретар, според неофицијалниите информации, го очекува Абдулаќим Адеми.

Но, поинтересната информација кјоа што се очекува да се потврди на овој одбор се имињата на новите министри. Неофицијалните информации, кои дел медиумите веќе ги објавија, се дека ДУИ го добива ресорот образование и наука и на негово чело ќе се најде Абдулаќим Адеми, потоа за правда се споменува името на Аднан Јашари, за локална самоупорава, Лирим Шабани. Информацитие говорат дека Беким Незири ќе биде нов министер за економија, а во секторот екологија доаѓа Хазби Лика.

Се очекува Фатмир Бесими да остане да го води ресорот евроинтеграции.

Имињата кои треба да ги надополни поголемиот коалициски партнер во Владата, ВМРО ДПМНЕ, се очекуваат да станат познати попладне бидејќи за 17 часто е закажан состанок на Извршниот комитет на партијата.

Но, и оттаму доаѓаат првични и неофицијални информации кои велат дека засега сигурно на своите позиции може да бидат Јанкулоска, која и во следните години ќе биде прв човек на МВР, Никола Тодоров останува да го води ресорот здравство, Зоран Ставрески остануваа задолжен за финансии и ќе држи едно од вицепремиерските места, каде и понатаму друштво ќе му прави Владимир Пешевски, кој ќе остане одговорен за економските прашања.

Се очеквува и потврда на информацијата дека ќе има и ново министерство за странски инвестиции кои ќе ги води Горан Мицковски, кој доаѓа од Лондон каде во моментов е ангажиран во Credit Suisse AG како консултант за инвестициско банкарство и стратегиски трансакции.

Коалицисктие партнери Никола Груевски и Али Ахмети имаат рок во утре да ги договорат имињата на новите министри и да ги достават до Собранието.

Кој е Русинот , од чиј брод се истовари ѓубривото што експлодира во Бејрут?

Игор Гречушкин, руски државјанин со наводно место на живеење на Кипар, е сопственик на бродот што ја превезувал опасната стока што експлодирала во Бејрут.

Станува збор за 2.750 тони амониум нитрат, хемиско соединение што нормално се користи како вештачко ѓубриво, но во одредени ситуации може да се користи и како експлозив - или ненамерно да предизвика експлозија, како што, за жал, се случи во пристаништето во Бејрут.

Имено, ѓубривото се чувало во хангар во пристаништето од 2014 година до денес, без мерки за безбедност кои би ја спречиле катастрофата што се случи.

Со тој товар, бродот под молдавското знаме „МВ Розус“ се заглавил во пристаништето во Бејрут. Сепак, неговата дестинација не бил Либан, туку Мозамбик.

Капетанот Борис Прокошев, наводно, го запрел брод во Грција за да наполни гориво кога неговиот сопственик Гречушкин, наводно директорот на „ Teto Shipping “, јавил дека компанијата снемала пари и ќе мора да собере дополнителен товар во Бејрут за да ги покрие патните трошоци.

Рускиот портал Сибирјан Тајмс пишува дека бродот запрел во Бејрут поради дефект.

Во секој случај, кога бродот се вкотвил во Бејрут, локалните пристанишни власти го притвориле поради „груби прекршувања во управувањето со бродот“, т.е. „недостаток на документи и услови потребни за превоз“, неплатени пристанишни такси и поплаки од рускиот и украинскиот екипаж.

Екипажот од осум Украинци и двајца Руси бил принуден да остане на бродот, а сопственикот Гречушкин прогласил банкрот и едноставно „го напуштил бродот“. Либанските власти на крајот ослободиле шест од десетте членови на екипажот, а четворица останале заробени на бродот полн со експлозивен товар скоро една година.

„Тој ни рече дека банкротирал и, иако не му верувам, најважно е што ги крена рацете и од својот екипаж и од неговиот товар“, изјави еден од работниците.

"Морнарите беа на бродот 11 месеци. Имавме малку потрошен материјал. Му пишував на Путин секој ден. На крајот, моравме да продаваме гориво за да ангажираме адвокат со тие пари. Сопственикот не ни обезбеди храна или вода", рече капетанот Прокошев.

Гречушкин не одговори на прашањата на новинарите.

Според е-пораките разменети меѓу Прокошев и неговиот адвокат Шарбел Дагуер, амониум нитратот бил растоварен во пристаништето во Бејрут до ноември 2014 година и оставен во магацин. Властите тогаш го држеле таму шест години, и покрај предупредувањата од либанскиот царински директор Бадри Дахер дека станува збор за „исклучително опасен“ товар.

Си-Ен-Ен доби документи кои покажуваат дека Дахер и неговиот претходник Мерхи во повеќе наврати се обратиле до судовите во Бејрут со цел да се обидат да го складираат опасниот товар на друго место.

Дахер, кој залудно предупредувал дека товарот е еквивалентен на „лебдечката бомба“, потврди за Си-Ен-Ен дека неговата канцеларија испратила „шест писма до правните тела“, но дека властите никогаш не одговориле на ниту еден од нив.

Западна Европа ја очекува рекордно топол период

Западна Европа се подготвува за силен топлотен бран што ќе донесе екстремни температури веќе втор викенд по ред, пишува Си-Ен-Ен.

Англија утре ќе се приближи до највисоката температура оваа година, што беше измерена за време на минатонеделниот топлотен бран . Највисоката температура во петок ќе се приближи до историскиот рекорд од 38,7 степени, што е забележано во јули минатата година, покажува прогнозата на британската метео служба.

Канцеларијата Мет веќе издаде предупредување за делови од Англија каде температурите ќе се искачат на скоро 37 степени овој викенд. Но, овој пат топлотниот бран во Лондон и околните области се очекува да трае најмалку седум дена, пренесува Си-Ен-Ен.

"Додека овој топлотен бран можеби нема да донесе толку високи температури како минатата недела, топлината ќе трае значително подолго. Минатата недела топлината беше проблематична само за еден или два дена. Овој топлотен бран ќе трае во оваа област најмалку пет дена и во градовите како Париз ќе има температури над 36 степени секој ден од петок до понеделник “, рече метеорологот на Си-Ен-Ен Тејлор Вард.

За францускиот главен град се предвидува дека температурата ќе биде повисока од 32 степени секој ден за целата наредна недела. Во Белгија ќе биде до 14 степени потопло од просекот на некои места, со највисоки температури над 32 степени. Во текот на викендот ќе биде 34 или 35 степени во Брисел. Во Амстердам и другите делови на Холандија може да достигне до 32 степени во текот на викендот. Над просечната температура може да остане во Западна Европа следните девет дена.

"Кога топлотниот бран трае долго, ефектите може да се мултиплицираат . Многу домаќинства во овој регион немаат климатизација и кога температурите се искачуваат на околу 35 степени, зградите повеќе не можат да се ладат, ставајќи ги во опасност луѓето, особено постарите и оние со здравствени проблеми“, заклучи Вард.

На „Блато" запленети се вкупно 370 килограми марихуана

Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека количината на запленетата марихуана на граничниот премин „Блато" на албанско-македонската граница кај Дебар е многу поголема од количината за која информираа медиумите.

– По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато" откриена е количина од 370 килограми. Дрогата беше откриена при излез од албанска територија во камион марка „мерцедес" со албански сообраќајни ознаки, со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани(26) од пограничното село Долно Ѓурица. Крајната дестинација била Северна Македонија, стои во вечерашното соопштение од полицијата.

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата.

Дрогата е откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото. Била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога и спречување на било какви меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина на дрога запленета на двете страни од овој граничен премин./MИА

притисни ентер