ДУИ од Тетово : Зелена агенда е план за иднината на Тетово

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа централен митинг на кој беа претставени кандидатката за градоначалник Теута Арифи и листата со советници предводена од Блерим Османи како носител.

Актуелната градоначалничка која се бори за трет мандат рече дека за овие осум години од град со егзистенционални проблеми стана место каде се направени многу работи.

– Направивме булевар таму каде што го немаше, систем на јавни услуги таму каде што ги немаше, ги реконструиравме сите училишта и градинки, и се ова го направивме заедно. Продолжуваме понатаму во наредните четири години, имаме обврска да работиме заедно, ние од една агенда за слобода поминуваме на една зелена агенда, ова е голема војна, војна со нашиот менталитет, војна за промени, голема војна за фондови за да се постигне таа агенда, рече Арифи.

Таа истакна дека зелената агенда е план за иднината на градот, кој подразбира проект за гасификација, проект за канализација како и проект за театар.

-Ќе има отворена врата како кај мајка, која сака се најдобро за своите сограѓани, мајка на градот кој работи за најдоброто. Има дилеми и други мислења, често, граѓаните ми велат можеш да направиш уште повеќе. Може да се направи уште повеќе, и јас се согласувам со нив, ние постигнавме овие граѓани со право да бараат уште повеќе, да имаат право за повеќе, за поквалитетен живот, потенцира Арифи.

Носителот на листата Блерим Османи рече дека ветуваат урбан и чист град со зеленило.

– Од генерација на генерација се приклучуваат на нашата партија која има за цел локален развој, интегрирање. Тоа што некои го имаа како сон, како јазикот, знамето, инуверзитети, држвни институции, овие достигнувања ги гледаме на државно и локално ниво. Со вашиот глас ќе може да ја реализираме и зелената агенда, во секоја населба во секој дом, оваа победа што не чека немаше да биде можна без работата на штабовите, од штабовите по населбите до центаралниот штаб, рече Османи.

И раководството на партијата побара поддршка за Теута Арифи и листата со советници.

– Да видите вие што може ние како влада да направиме за Тетово. Нема проект што ни го испратила Теута што не сме го реализирале, училишта, канализација, водоснабдување, патишта, градинки, нема да има работа што ќе ја побара Тетово а да не биде реализирано од оваа Влада, рече Артан Груби.

Али Ахмети, претседателот на ДУИ рече дека има две поглавја во животот, еден Охридскиот договор, а вториот е зелената агенда.

– Првото поглавје го направив со многу соработници, тоа е неповтроливо поглавје, за мене и за сите што ја направивме таа историја. Второво поглавје сака студии, сака луѓе, а тоа ние го имаме како на централно така и на локално ниво. Кој подобро може да го материјализира, оваа агенда, овде во Тетово. Теута има искуство, во наредните четрир години да ја реализира овааа агенда. Сите ние стоиме позади Теута да излезе со бел образ, на ова ново поглавје за историја која ја пишува ДУИ, истакна лидерот на ДУИ.

Османи: Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас

Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ, вели Османи.

Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да сменат во обратна насока.

– Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Важно е, посочи тој, поради многу причини и ќе даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Македонија се држат заедно и започнат преговорите заедно сега при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство, а потоа, како што рече, секој со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.

– Но, мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша пораки кога поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот, рече Османи. /МИА

Шилегов: Почна асфалтирањето на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба

 За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Драги скопјанки и скопјани, Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот Киро Глигоров е еден од симболите на тоа поврзување. Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков“, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Тој рок започна да тече во јули, а требаше да заврши идната пролет. Како што гледате, ние планираме да завршиме многу побрзо од тоа. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината, ама треба да знаат дека оваа улица е исклучително фреквентна од причина што ја поврзува скопската општина Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода“, кажа градоначалникот Шилегов.

Само за потсетување пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Фото: Индиски „SUV“ од 7.000 долари

Само „Tata“ може да направи толку евтин „SUV“ модел.

Индискиот произведувач „Tata“ се прослави со најевтиниот автомобил на светот- моделот „Nano“ со почетна цена од околу 2.500 долари.

Иако на оваа компанија не и тргна со планот да го преплави пазарот со евтини автомобили, со оглед на тоа дека продажбата не ги достигна проектираните бројки, сепак во едно успеа- стана глобално препознатливо име и синоним за нискобуџетни возила.

Таков и нивниот нов „SUV“, „Tata Punch“, кој во основната верзија чини околу 7.300 долари.

Автомобилот наменет за индискиот пазар е прво возила на марката „Tata“ кое припаѓа во сегментот на мали „SUV“ модели, а негови ривали се „Hyundai Casper“, „Suzuki Ignis“, „Renault Kwid“ и „Mahindra KUV100“.

Дизајнот е плод на соработка на повеќе дизајнерски студија од оваа компанија, од Индија, Велика Британија и Италија, додека инжрнерскиот дел од работата е направен само во матичната земја.

„Tata Punch“ е стандардно поставен на 15 инчни тркала, додека со доплата се достапни и алуминиумски бандажи со пречник од 16 инчи.

Иако станува збор за „SUV“, а не за вистински теренец, произведувачот тврди дека „Punch“ има сосема солидни карактеристики за надвор од асфалтот.

Иако моделите кои се продаваат во Индија не се шампиони за безбедност, „Tata“ се пофали дека „Punch“ е оценет со 5 ѕвездички на „Global NCAP“ тестот.

Во себе овој модел има 1.2 литарски атмосфетрски бензински мотор со 3 цилиндари и 86 коњски сили.

Силат ана предните тркала се пренесува преку 5 брзински мануелен или 5 степен автоматски менувач

Патничката кабина е проектирана за 5 лица, но изгледа дека во автомобилот комфорно можат да се возат само 4 патници.

Најевтиниот „Tata Punch“ автомобил чини 7.287 долари а за најскапата верзија ќе треба да се издвојат 12.466 долари.

притисни ентер