ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалите

Чим лицето А.Г., симболот за политичка корупција и казино криминалиите, се јави да ја “брани” Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се е јасно! 

Нема да не зачуди ако во истрагата се докаже дека негови послушници свесно и со умисла го испровоцирале скандалот со скенерот на аеродромот.

ВЛЕН како гласот на Албанците во Владата е сигурен партнер на САД, ЕУ, Косово и Албанија. Маката на ДУИ е што никој не им ја прифаќа лажната теза дека некој им го украл легитимитетот. А пустите, само крадење им е во умот и опседнатоста како да го задржат нелегално стекнатиот имот.

Многу им е гајле нив за Охридскиот Рамковен Договор и за Албанските национални интереси. Единствено нивно гајле е што дојде времето за соочување со одговорност. И сега бараат чаре, се дават во своите гревови и затоа се фаќаат за сламка. Дрско ги потценуваат Албанците мислејќи дека се наивни и дека ќе им дозволат да ги направат заложници за нивните корумпирани поранешни функционери да се спасат од правосудни постапки.

Додека “јагнињата да стивнат” имаме една порака - срамот што ќе ве стигне ќе биде толку голем што и тоа добро што некогаш Али Ахмети го направил за Албанците, ќе си го помножите самите со нула. Нема бегање од вистината!

Како ВЛЕН изразуваме загриженост што ДУИ, се служи со лаги и манипулации во обид само да му наштети на ВЛЕН, без да се грижи кави последици ќе му нанесе на Република Косово.

Ја повикуваме јавноста да ги следи фактите, а не пропагандадта на ДУИ. Фактитете се следни:

1. МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, туку тоа е под надлежност на концесионерот во случанојт тоа е ТАВ.

2. Согласно Вијенската конвенција, државните челници имаат специјален третман при патување, но деталите за безбедностите протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот.

3. Слично недоразбурање имало и кога Талат Џафери бил технички премиер, зошто ДУИ не зборуват за тоа. И го повикуваме ДУИ дали кога тие биле на патувања ги заобиколувале скенерите. Уште еднаш ги повикуваме ДУИ да престанат да шират манипулации, и да престанат да ги нарушат односите помеѓу Косово и Македонија, а јавноста ја повикуваме да не потпаѓаат под пропагандата на ДУИ, се наведува во партиското соопштение.

Осум пациенти се на скопскиот аеродром, ќе се пренесат во Сифија и Варна

Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна.

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

притисни ентер