ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ Санте Плус 2 во Гостивар

ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ Санте Плус 2 во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска" бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство. Како што посочуваат од ДСЗИ, решението било донесено врз основа на констатираната состојба, согласно Законот за здравствена заштита.

- На ден 28 февруари 2024 година, ДСЗИ ПО Гостивар изврши вонреден инспекциски надзор по поднесена писмена преставка од страна на д-р. А. И. Во претставката се наведени нерегуларности кои се однесуваат на условите во просторија во кои се врши здравствена дејност. При надзорот извршен е увид во просторијата, сопственост на Бехтел Енка. Во просторијата со вкупна површина од 13м2, означена како амбуланта, се врши здравствена дејност, соопштија од Инспекторатот.

Во моментот на надзорот затекната била медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции, инфузии, шприцеви.

- При надзорот беше присутно одговорното лице во Бехтел Енка М. К. кој изјави дека Бехтел Енка УК2 Лимитед има склучено договор со ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје – Поликлиника на примано ниво, за обезбедување на здравствени работници и здравствени услуги за потребите на Бехтел и Енка. Даден е на увид договорот со ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во кој се наведени здравствени услуги кои ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје треба да ги реализира за потребите на Бехтел и Енка. При надзорот дадена е на увид и диплома за завршен Медицински факултет при Државен универзитет Тетово за д-р Ќ.Б. и М1/М2 образец за заснован работен однос за медицинска сетра во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје. По изјава на присутното лице д-р Ќ.Б. исто така е вработен во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје, појаснија од Инспекторатот.

Тимот секојдневно доѓал во посочената просторија и пружал здравствени услуги на вработените во Бехтел и Енка.

- На 26 февруари 2024 година ДСЗИ го извести одговорното лице во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје С.А. да биде присутна на надзорот и да достави потребна документација, но таа не присуствуваше на надзорот, се вели во соопштението од Инспекторатот.

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски за малолетниците кои вандализираат

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа.

Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам, соопштија од Општина Центар.

- Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

-За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Страшна снимка од судар во тунел на Златибор: Автомобил превртен, делови насекаде

На автопатот Ужице - Златибор во Србија, во тунелот во Сурдук, во раните утрински часови се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила.

Како што неофицијално дознава српски Информер, сообраќајната несреќа се случила утринава околу 06:25 часот во тунелот во Сурдук.

Нема информации дали во несреќата има повредени, но на местото на несреќата набрзо пристигнала полиција и брза помош.

На двете возила е причинета голема материјална штета.

На овој дел од главниот пат сообраќајот се одвива отежнато, со наизменично пропуштање на возила.

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово иста информација објавија хрватскте медиуми за загрепско средно стручно училиште.

Полицијата одговорила на повикот.

„Можеме да потврдиме дека по електронска пошта која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за учениците и бараме да не се шири паника“, изјавија за локални медиуми од загрепската полиција.

притисни ентер