Државата ќе кредитира изградба на приватни градинки

Државата обезбеди поволни кредити за сите што се заинтересирани за изградба или реконструкција на приватни градинки.

Четири финансиски програми им се достапни на тие што планираат да влезат во овој бизнис. Првата линија е од постоечкиот кредит од ЕИБ преку МБПР. Може да се подигнат од 50 илјади евра до 3, 5 милиони евра со каматна стапка од 5,5%. Втората кредитна линија е од Револвинг фондот од италијанската влада. Кредитирањето е од 50 до 400 илјади евра со каматна стапка од 6% годишно.

Од кредитниот гарантен фонд ќе можат да се искористат средства во висина од 10 до 300 илјади евра со камата од 6,75%. Од МСП кредитната линија можат да се подигнат од 15 до 500 илјади евра со каматна стапка од 6,5%.


Претходно за да се стимулира овој модел на приватни градинки, Владата им ги олесни условите за започнување на овој вид бизнис.
Земјиштето на кое ќе се гради градинката да изнесува 1 евра по квадрат а трошоците за комуналии за изградба на објектите ги намали за 95%.
притисни ентер