Дресот на Лука Дончиќ од дебитно во Лејкерс вреди богатсво

Светската кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ пред неколку дена дебитираше во дресот на  Лос Анџелес Лејкерс на мечот против Јута кој заврши со триумф на новиот клуб на Словенецот од  132:113

Дресот на Лука Дончиќ од дебитно во Лејкерс вреди богатсво

Големиот ас на дебито во жолтиот дрес имаше учинок од 14 поени, пет скока и четири асистенции.

Подоцна одигра уште еден натпревар против истиот тим и Лејкерси беа поразени со 132:119, но темата која ја интересираше јавноста беше нешто друго - каде е дресотво кој Лука го одигра дебитансткиот меч за ЛА Лејкерс.

Зашто, според последните податоци кои се појавија во американските медиуми - тој вреди вистинско богатство.

„TMZ Sports“ направи истражување во кое беа вклучени експерти, се со цел да дојде до заклучок колку вреди дресот на Лука од неговото деби, а Дејвид Колер, голем колекционер на спортски реквизити, ја процени таа бројка од 500.000 до 1.000.000 долари!Што секако е фанастична сума.

Не е познато дали Лука на премерата во Лос Анџелес играше само во еден дрес, но по натпреварот размени дрес, кој дефинитовно е многу вреден со НФЛ ѕвездата Пука Наку. Исто така, се поставува прашањето дали му го подарил оригиналниот дрес или реплика.

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

Со едно минутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на професорката Сара Пројковска, која животот на 48 годишна возраст трагично го загуби во пожарот во дискотеката во Кочани, настапувајки со својод бенд ДНК.

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

Сара беше професорка по пијано, но и истакнат македонски музичар, пратечки вокал на бендот ДНК, како и на дел од најголемите македонски музички ѕвезди, вокалист во бројни музички проекти домашни и странски и текстописец на забавни мелодии, за што има освоено и бројни награди..Нејзините пријатели, колеги, студенти, соработници велат Сара засекогаш ќе ја паметат како незаменлива пријателка, секогаш ведра и насмеана, а особено по нејзиниот огромен талент, љубовта за музиката која кај неа се јавила од мали нозе и нејзиниот ангелски глас.

Во нејзина чест настапија студентскиот оркестар и пијанистот Дино Имети, а беше прочитана и поема напишана од македонската поетеса Ана Бунтевска.

На Факултетот за музичка уметност во чест на Сара Пројковска е отворена и книга на жалост каде нејзините колеги и студенти пишуваат пораки за последно збогум.

Ристески: Измените на законот за угостителство ќе ги зголемат безбедносните стандарди

Зголемување на безбедносните стандарди, што ќе треба да ги исполнуваат сите објекти што вршат угостителска дејност, поголема контрола во процесот на издавање лиценци, како и јасно утврдување на обврските на сите државни институции .

Ристески: Измените на законот за угостителство ќе ги зголемат безбедносните стандарди

Зголемување на безбедносните стандарди, што ќе треба да ги исполнуваат сите објекти што вршат угостителска дејност, поголема контрола во процесот на издавање лиценци, како и јасно утврдување на обврските на сите државни институции поврзани со процесот е целта на најавените измени во законот за угостителство, информира денеска на прес-конференција во Владата заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Измените, појасни, ќе овозможат воспоставување систем со кој ќе треба да бидат исполнети сите прописи и да бидат верификувани пред да може да се добие лиценца за работа на сите угостителски објекти. Зголемување на безбедносните стандарди на сите објекти кои се бават со оваа дејност и поголема координација во работата на објектите со построги казни за сите локали кои ги прекршуваат законите.

- Слабостите во сегашниот закон со недореченостите кои придонеле за несоодветната координираност меѓу институциите, поголема слобода на подносителите на барањата за добивање лиценца, како издавање лиценца без притоа да бидат темелно проверени сите документи и елаборати кои се доставени со барањето. Новите измени ќе ги отстранат сите аномалии и јасно ќе ги разграничат обврските на сите органи, кои се дел од овој процес, истакна Ристески.

Тој посочи дека потребно е воспоставување повисоки стандарди за безбедност, бидејќи, како што нагласи, човечките животи се поважни од било кој профит.

- Мораме да воспоставиме строги и јасни процедури, кои мора да спречат вакви пропусти во иднина. Тука се исполнување на минимално техничките услови за вршење на дејноста, соодветни стандарди за противпожарна заштита, санитарно-здравствени и соодветни услови за заштита при работа. Дополнително, предвидуваме и сугерираме заострување на контролите на надворешните приватни фирми, кои изработуват елаборати и планови во областа на противпожарната заштита, проценка за ризици и плановите за евакуација на ваквите објекти. Со измените предвидуваме повисоки парични казни како за угостителите, кои не се придржуваат до поставените стандарди, така и за челновите на комисиите кои се надлежни за утврдување на веродостојноста на документите и контрола на субјектите, рече Ристески.

Досегашните контроли, според него, покажале голем број недостатоци во постојаната регулатива во однос на казнените одредби, како што се ниски казни, немањето можност за пломбирање на објектите од страна на инспекторите во случај на установени неправилности и други пропусти од другите законски регулативи.

- За надминување на овие недостатоци, правиме анализа и предлози за измена на повеќе закони, а ќе дадеме предлози и за промена на кривичниот законик и законот за прекршоци, со кои незаконското работење на угостителските објекти не само што ќе ги зголеми паричните казни, туку ќе има и можност да стане кривично дело, подвлече заменик министерот за економија и труд.

Една од идеите, додаде, е создавање комисија за испитување на минимално техничките и другите услови кои треба да ги исполнуваат ноќните клубови.

- Целта наша е во иднина во таа комисија да влезат повеќе институции и професионалци во својата област, кои ќе гарантираат со својот потпис во записникот што ќе го направат пред да се издаде лиценца на ноќни клубови, кабариња, дискотеки... Нашиот предлог е да влезат професионалци од повеќе институции и области, како што е државен пазарен инспекторат, трудовиот инспекторат, МВР, Општината во делот на урбанизам, ДЗС, УЈП и други, кои ќе ја потврдат можноста тој објект да влезе во процедура за издавање лиценца, а не како досега да се остава на совесноста на самата странка или вработените во секторот угостителство. Ќе има теренска контрола пред да се издаде документот. Не само пред време да се утврдат условите со потпис од комисијата и стручните лица, туку понатаму и тој записник да влезе во натамошна процедура и повторна контрола од страна на секторот за угостителство.

Голем проблем, според него, е што досега во законот се оставило на совесноста на странката при пријавувањето да ги приложи сите документи и совесноста на вработените, кои по нивна иницијатива можеле да ја проверат веродостојноста или да не ја проверат.

Продолжуваат инспекциските контроли – се вршат проверки на објектите за прослави

Владата ги поддржува донациите кои доаѓаат преку различни платформи за семејствата на повредените од пожарот во Кочани, но сите се финансиски покриени од медицински и логистички аспект- потенцира министерот за надворешни работи Муцунски. 

Продолжуваат инспекциските контроли – се вршат проверки на објектите за прослави

Тој лично разговарал со дел од блиските на повредените за кои поединечно преку социјалните мрежи и понатаму се испраќаат апели за донации, но уверува дека и тие се обезбедени и без никаков трошок.

Додека трае лекувањето на повредените, од Владата уверуваат дека прават сЕ за во иднина да се спречат вакви трагедии. По дискотеките, од денеска на терен инспекторите на ДПИ ги проверуваат и рестораните за свадби и големи собири.

Во меѓувреме се кројат и законски измени за угостителство. Од надлежносто министерство за економија велат дека откако на виделина излегоа голем број на пропусти, ќе има заострување на условите, вклучително и тоа дека угостителите за да добијат лиценца ќе мора претходно да добијат зелено светло од посебно тело составено од неколку институции.

притисни ентер