Драматичен апел до ЕУ за намерата да ја казни Хрватска

Официјален Загреб се уште не се огласил по повод најавената иницијатива на Европската комисија за преземање мерки против Хрватска која не ги испочитувала европските прописи во врска со европскиот налог за апсење.

За сега има само реакција од министерот за правда, Орсат Миљениќ, која за хрватската национална телевизија изјавил дека изменетиот закон за европска потерница, попознат како „Лекс Перковиќ“ ќе биде на дневен ред на владина седница в четврток, а дека за него набрзо потоа ќе се изјасни и Саборот. Според Миљениќ, примената на законот ќе стапи во сила од 15 јуни следната година, но на Брисел ваквото одлагање не му се допаѓа.

На предлог на потпретседателката на Европската комисија, Вивијан Рединг, во петокот Унијата одлучи да покрене иницијатива за санкционирање на Хрватска поради тоа што на само два дена пред приклучување на земјата кон Унијата е сменет Законот за европскиот налог за апсење така што неговата примена е ограничена по периодот од август 2002 година.

На овој начин Хрватска практично заштитила одреден број граѓани кои извршиле кривични дела. Меѓу нив е и поранешниот функционер на југословенската и хрватска тајна служба Јосип Перковиќ кого Германија го бара поради наводна вмешаност во организирање на убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година.

Ваквиот потег наиде на жестока критика и од хрватската опозиција. Пратеничката во Европскиот парламент Ружа Томашиќ и пишала писмо на Рединг во кое предупредува за тешката финансиска состојба на земјата и дека санкциите би биле само на штета на хрватските граѓани. Таа во писмото вели дека би требало на граѓаните да им се дозволи да ја казнат ваквата постапка на хрватската влада. Исто така, Томашиќ ја повикува Рединг да го земе предвид и растечкиот тренд на евроскептицизам и недовербата кон европските институции кај граѓаните на Унијата, истакнувајќи дека тука ни Хрватска не претставува исклучок.

Според хрватските медиуми, се уште не е се изгубено и дека земјата може да ги избегне санкциите доколку владата без одложување ги усвои измените за спорниот закон и да започне со примена на европската потерница.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

Трамп во Њујорк разговарал со полскиот претседател за војната во Украина и на Блискиот Исток

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда за војната во Украина и за напорите на Дуда да ги зголеми трошоците за одбрана од земјите-членки на НАТО, како и за Блискиот Исток.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда за војната во Украина и за напорите на Дуда да ги зголеми трошоците за одбрана од земјите-членки на НАТО, како и за конфликтите на Блискиот Исток, објави изборниот штаб на Трамп.

Вчерашниот состанок во кулата Трамп беше последен во серијата состаноци што Трамп ги одржа со странски лидери додека Европа се подготвува за можноста за второ претседателство на Трамп, објави АП.

Дуда по разговорот со Трамп, кој траеше околу два и пол часа, рече дека станало збор за пријателска средба.

Помошникот на Дуда, Војче Коларски, кој исто така присуствувал на состанокот, рече дека Трамп и Дуда се сеќавале на времето кога работеле заедно четири години додека биле на претседателски позиции, време кое било „многу плодно за американско-полските односи“.

Посетата на Дуда доаѓа во време кога републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се расправаат за законот со кој се одобрува странска помош вредна 95 милијарди долари, што исто така ќе ѝ обезбеди нова помош на Украина.

Полските лидери го повикаа Претставничкиот дом да го одобри нацрт-законот за странска помош.

Многу од сојузниците на Трамп во Претставничкиот дом жестоко се противат на одобрување помош за Украина, а Трамп рече дека можеби е отворен за помош во форма на заем.

Трамп и Дуда се согласуваат дека членките на НАТО треба да бидат охрабрени да ги зголемат трошоците за одбрана, наведува американската агенција.

Дуда ги повика другите членки на Алијансата да ги зголемат трошоците на три отсто од БДП, што би претставувало значително зголемување во споредба со сегашната обврска од два отсто.

Трамп долго време го критикуваше НАТО и се закани дека САД нема да ги бранат земјите-членки кои не ја исполнуваат целта за трошоци за одбрана од два проценти.

притисни ентер