Драконски казни за возачите во најава, дали ќе има одговорност и за небезбедните патишта?

Без соодветна сигнализација, со дупки, крпен асфалт, шут и одрони... тоа е сликата на македонските патишта ширум земјава.

Граѓаните се жалат дека како возачи имаат преголеми давачки кон државата, се плаќаат високи казни, скапи патарини, а, чест на исклучоците, возат по лоши патишта….

Граѓаните најмногу се жалат дека од Скопје до било кое туристичко место возат по небезбедни патишта на кои често има сообраќајни незгоди. За пример, го споменуваат реновираниот пат Маврово-Дебар, каде долж текот на Радика нема банкини.

На повеќето автопатски делници низ земјава сообраќајот во двата правци се одвива по една коловозна лента и наизменично минување од едната во другата насока, таков е случајот на автопатот „Пријателство“, на делницата Петровец - Катланово. Истото е и на новиот автопат Штип – Миладиновци каде поради одрон, подолго време сообраќајот се одвива во една коловозна лента.

Неодамна и ревизорите констатираа дека патиштата во земјава чинат премногу, а бавно се реализираат. Земјава потрошила 58 милиони евра само за камати, провизии и казни, а патиштата и пругите никаде ги нема, како што е случајот со автопатот Кичево – Охрид кој се гради веќе 8 години. Па така, по стариот пат поради недоволна сигнализација возачите кои транзитираат низ земјава- домашни и странски често знаат да ја погрешат насоката на движење.

Во меѓувреме, надлежните го скроија предлог измените со кои се предвува ново дело „безобѕирно возење“, со кое неколку дела во сообраќајот, кои се казнуваат прекршочно, како на пример пребрзо возење, да станат кривични дела. Оттука, граѓаните ја отворија дилемата – дали и надлежните институции треба да одговараат за небезбедните патишта.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер