Македонско-бугарска комисија: Напредокот е еднаков на нула

Стравувањата дека средбата на историчарите е осудена на неуспех, уште пред да почне, се остварија. 

Првите луѓе на мешовитата комисија, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров попладнево на онлајн прес-конференцијата се согласија за само едно – дека напредокот е еднаков на нула. Главен камен на сопнување било придавката македонски во записниците, кои требале да бидат потпишани. Ѓоргиев појаснува дека бугарската страна на последните неколку рунди разговори, настојувале да го лимитираат терминот македонски во записниците, различно толкувајќи го Преспанскиот договор. Таквиот принцип на потпишување било неприфатливо за македонската страна.

Без разултат завршило и прашањето за Цар Самоил, кој се изучува во македонските учебниците по историја за седмо одделение. Бугарската страна инсистирала да се води како личност единствено на поранешното бугарско царство, отфрлајќи ја идејата за мултиперспективност во учебниците.

Ѓоргиев најави дека деновиве повторно ќе се разговара во помал формат. Ова беше 11-та и последна средба на Комизијата за годинава. За следната се предвидени уште пет средби.

Палмер:Македонија направи доволно реформи за да се одржи Меѓувладината конференција

Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, а билатералните прашања да се решваат на билатерален начин, изјави за Гласот на Америка заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, нагласувајќи дека билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес.

Тој се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Македонија да се одржи за време германското претседателство.

„Северна Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме се`што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на Македонија кон членството во ЕУ“, рече Палмер.

На прашањето дали барањата на Бугарија ги одразуваат европските вредности, како и дали САД го осудуваат таквото однесување, Палмер рече:

„Разбираме дека има одредени важни прашања кои се однесуваат на историјата, идентитетот и јазикот, кои треба да бидат решени меѓу Бугарија и Македонија како соседи, сојузници и партнери. Во однос на процесот за пристапување во ЕУ, сакаме да видиме тој да продолжи напред, без да ги вклучува билатералните прашања. Би сакале да видиме билатералните прашања да се решваат преку билатерални канали“, изјави тој.

А дали цената за влез во ЕУ треба да биде бришење на историјата?

„Цената за влез во ЕУ е јасна и образложена на околу 80 илјади страници со правила и регулативи. Тоа е процес базиран на стандарди. Сакаме да видиме Македонија да продолжи со реформите кои отворија врата кон Европа. Како што реков, има билатерални проблеми, кои можат и треба да се решат преку билатерален пат. Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, кои ќе осигураат Македонија да биде членка на ЕУ“, рече тој.

Според него, за да може да се одржи европската кредибилност во државата, ЕУ треба да покаже оти прогресот во реформите ќе се отслика со отворање на пристапниот процес.

„Во овој момент, следен чекор за Македонија е одржување на Меѓувладината конференција, и тоа е нешто што Македонија јасно го заслужила преку реформи“, вели Палмер.

Тој рече дека не сака да прогнозира каков ќе биде резултатот од состанокот следната недела, но, нагласи дека САД ќе останат партнери низ целиот тој процес со Македонија и Албанија.

„Останете посветени на реформите, демонстрирајте сериозност и цел, и продолжете да се движите напред“, порача Палмер во изјавата за ВОА на македонски јазик.

Мицкоски до Заев: Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата.

Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.

Та нели се беше во главата на вморвците?

Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.

Заев е проблемот, а народот е одговорот!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер