Драган Павловиќ Латас и Агим Јонуз во „Само вистина“

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина секој својата ќе ја говорат Драган Павловиќ Латас и Агим Јонуз.

Уставното мнозинство, реалност или недостижна цел?

Има ли крај на бугарските уцени? Што им недостасува на Македонските граѓани со бугарска самосвест во нивната татковина?

Дали можеби националистичките изблици на бугарскиот европратеник среде Скопје, се со цел да ја оддалечат Македонија од ЕУ?

Вечерва во Само Вистина Михаела Димовска со Драган Павловиќ Латас и Агим Јонуз.

Облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. 

Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.

-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.

-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ МИНИРАЊЕ: Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, на ден 20.03.2023 понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер