„За време на пандемијата, научив дека кога мешате политика и медицина, добивате политика наместо решение. Затоа ќе се кандидирам за Сенатот на САД, за да помогнам во решавањето на проблемите и да оздравиме“, рече Оз.
По тој повод тој се огласи и на својот Твитер профил.
„Ќе се кандидирам за Сенатот на САД во Пенсилванија за да го излечам она што не е во ред со Вашингтон. Јас сум хирург од светска класа, борец и застапник за здравствената заштита кој чекори напред за да ги излечи болестите на нашата земја“, напишал тој.
Оз (61) ќе се приклучи на Републиканската партија, која веќе има бизнисмен од областа Филаделфија. Друг потенцијален републикански кандидат е Дејвид Мекормик, поранешен функционер во Министерството за финансии на претседателот Џорџ В. Буш.
Шон Парнел, поддржан од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја повлече својата кандидатура за Сенатот на САД. Трката е клучна за републиканците кои мора да заземат место ослободено од Пет Томи за да ја преземат контролата.
Оз е роден во Охајо и завршил медицински факултет на Универзитетот во Пенсилванија. Се прослави како чест гостин на легендарната водителка Опра Винфри и со неговото ток-шоу кое го лансира во 2009 година.