Досега 80 општина, со 357 проекти аплицирале на повикот за проекти - Канал 5

Досега 80 општина, со 357 проекти аплицирале на повикот за проекти

Досега 80 општина, со 357 проекти аплицирале на повикот за проекти
Вкупно 80 општини, со околу 357 проекти аплицирале на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти, пари обезбедени од заемот од Унгарија, објави министерот Перински. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

притисни ентер