Дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година се враќа на усвојување во Собранието

Предлог-буџетот за 2022 година по дополнувањата од Владата направени врз основа на амандманската расправа во собраниските комисии, се враќа пред пратениците во Собранието.

Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена.

Владата на вчерашната седница, од вкупниот број амандмани, прифати 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

Со усвоените амандмани се зголемуваат средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија. Еден милион денари повеќе добива Уставниот суд за избор на нови уставни судии, а зголемување од милион денари ќе има и кај Финансиската полиција.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна посветена на Буџетот за 2022 година, истакнува дека клучни приоритети ќе бидат натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции, заштита на здравјето на граѓаните во се уште присутни ризици од пандемијата, но и поддршка на животниот стандард на населението.

Овој буџет, наведува Бесими, е кроен според „златното правило" во јавните финансии, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи, што значи задолжување исклучиво за капитални расходи кои достигнуваат највисоко ниво од кој било претходен буџет. Тоа ќе поттикне инвестициски циклус што ќе придонесе за забрзан економски раст, додека преку зелената агенда, поддршката на иновациите и дигитализацијата до одржлив развој и подобар квалитет на живот за граѓаните. Буџетот содржи и програми за поддршка за време на криза, како и јасен тренд на фискална консолидација на среден рок, особено важно ако се има предвид фактот дека со новиот Закон за буџет кој е во собраниска процедура се предвидуваат воведување фискални правила и фискален совет, вели Бесими. /MИА

Блинкен тешко ја обвини Кина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје.

Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.

Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно му ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да ѝ помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен. .

„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја промовирате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна “, рече Блинкен.

САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.

Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.

„Доколку Кина отворено продолжи со уште посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по средбата со нејзините колеги од Г7 во Капри.

Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина ѝ ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносно оружје, но ѝ помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.

Портпаролот на кинеската амбасада рече дека Кина не е актер во украинската криза и не треба да се меша или ограничува слободната трговија меѓу Кина и Русија.

Претседателот Џо Бајден го покрена ова прашање со кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор претходно овој месец, по што американските официјални лица изјавија дека Блинкен ќе отпатува во Кина во наредните недели.

Деталите за патувањето на Блинкен се уште не се објавени.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

притисни ентер