Донесен Законот за амнестија - Канал 5 со серијал за потребата од овој закон

По серијалот прилози на Канал 5 за носење на Законот за амнестија за луѓето кои го прекршија полицискиот час во време на пандемија, денеска пратениците го донесоа законот во скратена постапка.

Пратениците го донесоа Законот за амнестија во скратена постапка за луѓето кои во време на пандемијата го прекршија полицискиот час и карантин. Со овој закон за лицата изречената парична казна затвор им се заменува со алетрнативна мерка условна осуда, со која им се утврдува иста парична казна како изречената во правосилната пресуда и истовремено им се определува дека утврдената парична казна нема да се изврши доколку осудениот во рок од три години по правосилноста на решението за амнестија не сторат ново кривично дело. Канал 5 во континуитет известуваше со стории за луѓе од социјален ризик кои немаа две илјади евра да платат казна мораа да одлежат затворска казна од три месеци. Тие апелираа во сториите на Канал 5 за итното носење на овој закон. Една од нив беше и Катарина Ѓорѓевиќ на која и беше одложена затворската казна пред се што е самохрана мајка, но со новиот закон таа нема да замине во затвор.

Ментор Лимани излезе од затвор поради неговата писхичка состојба и не можноста да расуди дали направил прекршување на закон или не. Неговиот Асмир Алиспахиќ објасни за важноста на носење на овој закон.

Луѓето кои имаат упатен акт за издржување на казна преку своите адовкати треба во кривичен суд да го отповикаат ова решение. Оние кои извршуваат затворска казна ќе бидат пуштени на слобода. Од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје од страна на основното јавно обвинителство Скопје поднесени се 967 казнени налози за член 206 од кривичниот законик. По овие казнени налози судот донел пресуда, со кои се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Заради неплаќање на паричната казна основниот кривичен суд има донесено 280 заменски решенија со казна затвор.

Ќерката на Мадона, Лурд, тврди дека е проколната во љубовта

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Таа исто така многу рано влезе во светот на музиката, а кариерата ја гради под уметничкото име Лолахол, иако е многу поуспешна во светот на манекенството.

Зад себе веќе има неколку неуспешни љубовни врски кои го привлекоа вниманието на јавноста, а Лурд вели дека за неа љубовта е проклетство.

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Со години се шпекулира дали и се допаѓаат мажи или жени, а сега таа одлучи да стави крај на таа приказна.

- Би рекла дека мојот најголем грев е што сакам момчиња. Тоа е такво проклетство. Јас сум болно стрејт, тоа е ужасно. Посакувам да не беше така, но за жал, ова се картите што ги добив – изјави таа во интервју за „The Face“.

Летонија има нов претседател, тој е деклариран геј

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, беше избран во парламентот за нов претседател на земјата.

Шефот на латвиската дипломатија од 2011 година, 49-годишниот деклариран хомосексуалец ќе го замени Егилс Левитс, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам се за да ја направиме нашата земја просперитетна и безбедна“, рече Ринкевичс по гласањето во парламентот. Ринкевичс јавно се изјасни како геј во 2014 година. Тој беше првиот политичар во Латвија што го стори тоа. Летонскиот претседател има главно церемонијална улога.

Летонија е членка на ЕУ и НАТО и силно ја поддржува Украина во војната против руската агресија и нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ринкевичс за неговиот избор, велејќи дека тој е „вистински пријател на Украина“.

Летонија ќе биде во добри раце во следните четири години“, рече Левитс по изборот на неговиот наследник. Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевичс работеше како надворешнополитички аналитичар за јавното радио Латвијас Радио, а потоа работеше во Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.

Огромен интерес за најскапиот телефон од „Google“

„Google Pixel Fold“ сега е подготвен за претпродажба, но изгледа дека топ моделот со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во обсидијан црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на „Google“ сè уште го има на залиха „Pixel Fold“ од 256 GB во обсидијан и порцелан.

„512 GB Pixel Fold“ сè уште е достапен за нарачка однапред во ОК, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон на „Google“ на преклопување – „Pixel Fold“ - се напојува со чипот „Tensor G2“, истиот процесор кој ја напојува серијата „Pixel 7“ и има импресивен систем со три камери на задната страна.

притисни ентер