ДОМ за барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

За зелената партија ДОМ барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт-едно општество за сите. Премиерската функција не смее да се претвори во "весела математика", од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции што би довело до нефункционалност на институциите.

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона кризата како клучни приоритети на идната Влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување на различни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова Влада.

ДОМ бара во Програмата на идната Влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија, за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот.

ДОМ – Канцеларија за односи со јавност

Прекин во водоснабдувањето во реонот на универзитетот ФОН

Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 200 милиметри на булевар „Киро Глигоров", денеска без водоснабдување ќе останат корисниците од универзитетот ФОН и фирмата Офис Плус.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 12:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Центар за контрола и превенција на болести на САД : Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести денеска предупреди дека ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра.

Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.

Ажурираните упатства за борба против ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.

Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.

Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација соопшти дека ги следи „доказите“ за можна трансмисија на болести преку воздух.

Велешките средношколци со свои предлози и иницијативи за поквалитетен живот во локалната заедница

 Велешките средношколци синоќа на платото пред Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот" дебатираа на тема „Младите и граѓанскиот активизам" со посветеност кон волонтерството. 

Тие изнесоа десет предлог приоритети, кои деновиве ќе ги достават до градоначалникот на Општина Велес Аце Ковски и претставници на Одделението за јавни дејности и со кои планираат и да дебатираат на тема „Што му е потребно на Велес за поголем граѓански активизам на средношколците".

Тие од нив под итно бараат формирање на Совет на млади на Општина Велес, анкетирање и изјаснување на средношколски модел на изведување настава во услови на Ковид-19, опремени средни училишта со шкафчиња за ученичка опрема, современ инвентар, кабинети, лифтови за лица со попреченост и реновирани тоалети со средства за лична хигиена, а посебно за лична хигиена на девојките, обновување и разубавување на училишните дворови и паркови (засадување на паркови со лаванда, лалиња и други цветни аранжмани), кампања против расни, етнички, верски и други навреди, пошумување околу градот, велосипедски патеки за Велес-Еко град, зголемена полициска контрола против продавање на наркотични средства, средношколски заедници по мерка на средношколците и средношколците да станат најзначајни волонтери во локалната заедница.

Дебатата ја организира Клубот за млади на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус" од Велес во рамки на проектот „Младите и европските Вредности" на Коалицијата на младински организации „СЕГА" од Прилеп.

Организаторите потенцираат дека целта е нивните иницијативи и идеи низ волонтерски ангажман да ги реализираат во локалната заедница. За нивните иницијативи да се реализирата во пракса освен од локалната неопходна им е и поддршка и од централната власт.

Средношколците со барање, наместо родителите тие да бидат анкетирани за моделот на настава во услови на Ковид-19

Велешките средношколци на дебатата посочија дека тие се доволно свесни и возрасни наместо родителите бараат од надлежното Министерство за образование и наука, тие да бидат анкетирани за моделот на настава во услови на Ковид-19.

Моника Алтиева средношколка од ССОУ „Јовче Тесличков" попознато како „Економска", за МИА вели дека таа како тинејџерка и нејзините соученици се тие, а не родителите, коишто надлежното Министерство за образование и наука треба да ги анкетира односно да ги праша и тие да одлучат каква настава сакаат да изведуваат за време на пандемијата со Ковид-19.

– Имаме од 15,16,17, 18 години и ние како тинејџери сме доволно созраани и свесни за самите да одлучиме каква настава нам ни треба,а не за тоа да се анкетираат и одлучуваат нашите родители. Сметаме дека ние самите најдобро знаеме каква настава нам ни треба, потенцира Моника.

Таа и нејзините другари и другарки од „Економска", деновиве од локалната власт ќе побараат до крајот на оваа нова учебна 2020/21 учебна година да им реши два поголеми проблеми во ова училиште:да се направи приодна рампа на влезот во училиштето и лифт наменети за децата со попреченост кои учат во ова училиште, што воедно ќе служат и за сите родители и гости кои ќе доаѓаат во ова училиште, а имаат потешкотии во движењето. Воедно учениците под бараат во ова училишна зграда каде порано беше основно училиште, под итно да им се санираат руинираните училишните тоалети и истите да се одделат во посебни машки и посебни женски тоалети.

Велес да прерасне во Еко град

Моника и нејзините другарки и другари од локалната власт бараат поголемо пошумување и повеќе велосипедски патеки.

– Сметаме дека во градот требаат уште зелени катчиња не само за младите туку и за сите граѓани. Зелените оази со повеќе дрвја ни даваат поубава зелена слика на градот, но пред се повеќе кислород и придонесуваат за намалување на аерозагадувањето во градот. Факт е дека во Велес се повеќе млади, но и граѓани од сите возрасти како превозно средства и за своја секојдневна рекреација возат велосипед. Ние затоа од локалната власт бараме да обележи и изгради што повеќе велосипедски патеки градот и неговата и околината. Овие наши барања се со цел да се овозможи подобар и поздрав живот на нас средношколците, но и за сите граѓани на Велес, во насока на борбата за поздрав живот, потенцира Моника.

Опремени и почисти средни училишта

Опремени средни училишта со шкафчиња за ученичка опрема, современ инвентар, опремени кабинети, лифтови за лица со попреченост , реновирани тоалети со средства за лична хигиена посебно за хигиена на девојките.

Симона Димовска е средношколка во ССОУ „Димитрија Чуповски" попознато како „Хемиска" вели дека нивни приоритет е тие да бидат прашани каква настава сакаат да изведуваат во услови на Ковид-19. Воедно за нивното училиште, а кое воедно е зграда за две училишта за „Хемиска" и Гимназија, тие од локалната власт бараат во гардероберите кои се засебни заклучени простории на склоп на нивните училници, а кои сега како остава ги користат нивните наставници да им се преостапат на учениците за во нив да направат шкафчиња со клуч за секој ученик за оставање на ученичката опрема.

– Кај нас во „Хемиска", а кое училиште има заеднички простории со Гимназијата „Кочо Рацин" многу важно е надлежните во училиштето и локалната власт да се погрижат за да имаме поголема хигиена во дворот и во самото училиште. Потребни ни се средства за дезинфекција на просториите и за наша лична хигиена во тоалетите. Потребно е да ни се среди хигиената во дворот и училниците и ходниците за да имаме попријатна атмосфера за изведување на наставата. Посебно неопходно е да ни се направат шкафчиња со клуч во кои ќе ги оставаме училишните ранци и целата опрема, како и мантилите за практична настава и јакните и палтата, бара Симона од свои и името на своите соученици.

Обновување и разубавување на училишните дворови со лаванда, а од која ќе имаат и економски бенифит

Кристина е гимназијалка и таа заедно со нејзините другари добија идеја и предлагаат училишните дворови да се раубават со миризлива лаванда. Тие размислуваат потоа лавандата да се спакува во во вреќички и да се продава во новата сувенирница лоцирана кај велешко езеро и други продавници во градот. Потенцираат дека од таа продажба тие потоа тие ќе имаат и економски бенифит, а кој би го користеле за набавка и засадување на нови парковски површини со лалиња и други цветни аранжмани.

Зголемана полициска контрола за продавање на наркотични средства на тинејџери и млади

Нејзината другарка Марија Илиева смета дека треба да има поголема полициска контрола против продавањето на наркотични средства во училишните дворови и сите места кои се собиралишта на тинејџерите и младите во градот.

– Ние средношколците од градот оценивме дека не е доволна полициската контрола за илегалната трговија со наркотични средства и дека таа треба да биде засилена и зачестена на сите места во градот кои се собиралишта на младите, потенцира Марија.

Таа и нејзините другари од името на средношколците, а за бенифит на сите граѓани бараат и згрижување на напуштените кучиња.

– Кучињата се собираат во групи и се голема опасност за учениците кога наутро рано одат или доцна навечер се враќаат од училиште или свои други активности.но тие се и опасност од каснување и за останатите граѓани,а што за жал и често се случува. Од друга страна има и такви граѓани и млади кои ги малтретираат и злоставуваат кучињата низ градот и затоа ние сметаме и бараме од локалната власт под итно нивно соодветно и хумано згрижување, порача средношколката Марија.

Формирање на Совет на млади на Општина Велес е итна потреба за младите и самите да се вклучат во креирањето на политиките за младите

Матеа Несторовска ученичка во Гимназијата „Кочо Рацин" порачува дека под итно треба да се формира новиот Совет на млади на Општина Велес.

– Сметам дека овој Совет на млади на Општина Велес што досега не успеа да се конституира, односно сметам дека сите членови во него од морални причини треба да си поднесат оставки, затоа што скоро една година не успеаја да се состанат и да го конституираат Советот. Не велам дека само тие се виновни, но сепак најголем дел од вината зошто Советот не е конституиран сметам дека е токму на оние кои беа кандидати и беа прифатени. Затоа што ако тие сакале да се заангажираат да се конституира Советот на млади тоа ќе го направеле и сега сите ние младите од Велес ќе имавме место каде што до надлежните ќе ги искажеме своите мислења, потреби и барања. Затоа сметам дека треба под итно да се конституира овој Совет на млади на Велес, но и во други градови во земјава за младите самите да се вклучат во креирањето на политиките за младите. Тој во Велес за жал сеуште не е конституиран и затоа бараме негово итно конституирање. потенцира Матеа Несторовска од свое и името на останатите средношколци и млади од Велес.

Воедно не информира дека таа како член си поднела оставка, но појаснува дека на нејзино место не бил избран нов член.

Јована Јовановска средношколка од Гимназијата „Кочо Рацин" им порачува на сите средношколци и млади од градот да се охрабрат и се приклучат со свои инциијативи предлози и барања за реализација од заеднички интерес на младите и останатите граѓани во локалната заедница.

– Има некои наши соученици кои сакаат и тие да направат за нешто да се смени, но се неодлучни и чекаат некој прв да почне, а потоа и тие да се приклучат. Но, за жал има и млади кои воопшто не сакаат да се замараат и ангажираат за свои иницијативи, предлози и барања и тие чекаат се' да им дојде на готово. Јас им порачувам дека ако сакаме нешто да покренеме и направиме во наш и интерес на градот треба да бидеме одлучни. Така само заедно тоа побрзо ќе го инциираме и реализираме, им порача Јована на своите другари и млади од градот.

На крајот од дебатата, организаторите како пријатно изненадување за учесниците им понудија на увид нивни портрети и други фотографирани слики од настанот, а кои ги закачија на јаже со штипки на отворениот простор на платото пред театарот.

Младите преку волонирање до Европските вредности

Убавка Јаневска од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус" од Велес која е координатор на проектот во Велес за МИА информира дека овие дебати се дел од проектот насловен „Младите и европските вредности" на Коалицијата на младински организации „СЕГА" од Прилеп,а во кој и тие се вклучени.

– Проектот има за цел да ги мотивира младите да ги научат и потоа да ги прифатат Европските вредности.Под тоа се подразбира да научат што е добро,што е полезно. Тоа младите ќе го направат преку волонтеризам,а тоа потоа ќе го користат и тие и сите граѓани во нашата локална заедница, потенцира Јаневска.

Таа појаснува дека тие избрале тема младите и волонтерството затоа што сакаат да ги поттикнат младите што помалку време да поминуваат на социјалните мрежи на компјутерите и мобилните и повеќе да се посветат да собираат заедно да дебатираат и иницираат идеи, а коишто ќе ги прифатат со останатите млади од градот, а и потоа и сите заедно ќе ги реализираат.

– Јас навистина сум горда на она што го работат младите во Клубот на млади на Фондција „Фокус". На пример тие констатираа дека има премалку зелени површини во градот, за нив сегашните зелени површини се малку. Нивната иницијатива да се подигне Парк со лаванда особено ме воодушеви,затоа што сметам дека лавандата може да биде повеќе корисна. Од една страна ќе ни го разубави градот и ќе бидеме единствен град во земјава кој ќе има Парк на лаванда, а ќе има и економски бенифит, потенцира Јаневска.

Таа појаснува дека тој Парк ќе го засадат и негуваат младите од градот. На крај на сезоната тие ќе ја наберат лавандата, а потоа нивни преку „Фокус" обучени жени за шиење, ќе направат платнени вреќички за лаванда, а кои би се продавале во новата сувенирница кај велешко езеро „Младост" и во други продавници во градот.

– Парите од нивна продажба би завршувале на посебна сметка на фондација „Фокус" и собраните средства на таа посебна сметка ќе ни овозможи добивање на парични средства за формирање и втор Парк на лалиња или за нешто што е уште понеопходно на градот и сите граѓани, смета Јаневска.

Таа потсетува дека Фондацијата „Фокус" и досега заедно со младите волонтери во градот ги реновирала детското игралиште „Дизни", бојадисување на урбаната опрема во градот и имала и други слични волонтерски активности.

– Ние затоа сакаме и правиме напори преку вакви и слични проекти да ги поттикнеме младите со цел да им овозможиме да иницираат и во пракса да реализираат добри дела. Со нив освен за себе ќе го подобрат и квалитетот на живеење на сите граѓани во урбаната заедница, потенцира Јаневска.

Родителите и бизнис заедницата да ги поттикнува младите на волонтеризам

Не напразно народот вели дека младите се нашата иднина, па затоа ако навистина сакаме, не само на зборови туку и на дело да ги задржиме да останат дома, сите ние возрасните треба да им овозможиме реализирање на нивните иницијативи и предлози во дела.

Но, од друга страна како дополнителна мотивираност и симболично макар со минимални финансиски средства или на други начини треба и да ги наградиме за нивниот волонтеризам и ангажирање во локалната заедница.

Освен од надлежните институции и власти, би било одлично нашите средношколци и млади да ја добијат неопходната поддршка и од нас возрасните и родителите, но и од бизнис заедницата. Само така и нашите средношколци и млади во земјава ќе бидат во чекор со младите од земјите од ЕУ, а кон која се стремиме како иднина за нас и пред се' за нашите млади поколенија./МИА.

притисни ентер