Докторите Шокаровски и Јовев со свои верзии за наводната тепачка на Кардиохирургија

Ескалира анимозитетот меѓу актуелниот и поранешниот директор на Клиниката за кардиохирургија..

Денеска претпладне разрешениот директор, Сашко Јовев физички го нападнал неговиот наследник, Марјан Шокаровски на Клиниката, информираат од Министерството за внатрешни работи..

Околу 10 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал директорот М.Ш., по што ја напуштил Клиниката и самиот се пријавил во полициската станица Центар..

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот., информираат од МВР..

Директорот Шокаровски за Канал 5 го потврди инцидентот.. Во интерес на истрагата не сакаше да сподели детали, само рече дека жали што во ваков немил настан е вклучен таков авторитет, како доктор Јовев.. Канал 5 го контактиреше и Јовев.. Тој негира дека извршил физички напад врз кого било, туку дека се работи за исцениран случај за да му се наштети..

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

-Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Како што беше најавено, денеска и официјално ќе биде означена реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“.

На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис.

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во текот на неделата ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден во Белата куќа, изјави неименуван американски извор.

Средбата ќе се одржи како што е планирано и покрај повлекувањето на Бајден од претседателската трка, изјави анонимен американски функционер. Сè уште не е утврден точниот датум бидејќи Бајден заздравува од Ковид-19.

Нетанјаху на 24 јули треба да се обрати во Конгресот. Се очекува тој да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

Јанчев: Спроведено второ авионско прскање против комарци

Утринава беше спроведено второто авионско прскање против комарци, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Со третирањето беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена, целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Изведувач на работата е фирмата Бониер од Куманово, напиша Јанчев на социјалните мрежи.

притисни ентер