Договорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет

На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода.

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во рамки на идејата за доживотно учење, информираат од општината.

-На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода. Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а особено внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот, известуваат од локалната самоуправа.

На средбата бил постигнат договор Општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.

Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. 

Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.

-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.

-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ МИНИРАЊЕ: Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, на ден 20.03.2023 понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дневен хороскоп за 21. март 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 21. март 2023 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики.

Кариера

Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи.

Здравје и совет

Нервоза и немир.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли.

Кариера

Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство.

Здравје и совет

Радувајте се на личните успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти.

Кариера

Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму.

Здравје и совет

Не се брзајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми.

Кариера

Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив.

Здравје и совет

Побарајте весели содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери.

Кариера

Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува.

Здравје и совет

Ќе бидете малку забавени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување.

Кариера

Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите.

Кариера

Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни.

Здравје и совет

Ограничете ги калориите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи.

Кариера

Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува.

Здравје и совет

Зацврстете си го телото.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов.

Кариера

Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден.

Кариера

Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка.

Здравје и совет

Смирите се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го.

Кариера

Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

притисни ентер