Договор за соработка помеѓу економскиот факултет и „Флекс Кредит“

Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и компанијата „Флекс кредит“ потпишаа Меморандум за соработка, од кој придобивка во вид на практични знаења, но и можности за вработување ќе имаат студентите на Економскиот факултет.

-Овој Меморандум претставува основа за реализација на многу идни активности во делот на образованието, претприемништвото и финансиите. Од активностите како најзначајни ги издвојуваме – реализација на практична настава на нашите студенти, што ќе им помогне да стекнат практични вештини, како и работно искуство кое ќе им помогне понатаму во нивно вработување како и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Реализација на заеднички настани – тркалезни маси, семинари, обуки, учество во реализација на национални, меѓународни заеднички проекти – изјави деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Според генералниот менаџер на „Флекс кредит“, Горан Арсов, од соработката која треба да произлезе од потпишаниот договор бенефит ќе имаат сите, но најмногу студентите:

- „Флекс кредит“ е меѓународна компанија за финансирање која функционира во 4 држави, а во Македонија од март 2020 г. Со овој Меморандум се надевам дека ќе им дадеме можност на студентите од Економскиот факултет да допрат до реалната работна средина и да се вклопат во реалната работна структура. Соработката ќе се состои од два дела – прво сите студенти ќе поминат теоретска обука, а потоа и практика. Ќе им дадеме можност да работат со нашиот систем и со нашите клиенти и сето она што го имаат минато како теоретски дел, да видат како функционира во пракса. Се надеваме дека придобивките ќе бидат заеднички, така што би сакале на оние студенти кои ќе имаат заеднички интерес со нас да им овозможиме и работни позиции во „Флекс кредит“ .

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер