Доделени признанијата „Успешни млади“ за значајни достигнувања во 2021 година

Признанието им се доделува на млади до 35 години. Годинава аплицирале 45 кандидати во седум од осум категории. Не е доделено признание само за млад иноватор зашто немало апликација. 

Седуммина млади кои постигнале извонредни резултати во 2021 година денеска го добија признанието „Успешни млади“ што го доделува Претседателот на Република Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Признанието им се доделува на млади до 35 години. Годинава аплицирале 45 кандидати во седум од осум категории. Не е доделено признание само за млад иноватор зашто немало апликација. Посебна Комисија ги избрала седумтемина добитници, а признанијата денеска им ги врачи претседателот на државата Стево Пендаровски.

Виктор Стојкоски е награден за најдобар млад научник во општествени науки во минатата година. Тој е вклучен во глобалната научна дебата за актуелни економски прашања, вклучително и за влијанието и ефектите од пандемијата. Во категоријата хуманистички науки, признание за најдобар млад научник му беше доделено на поетот и есеист Иван Антоновски, кој понуди свеж поглед врз книжевното наследство на Блаже Конески и Горан Стефановски.

Андреј Ристески е најдобар млад научник во природно-математички и технички науки. Се занимава со машинското учење и вештачката интелигенција, со посебен фокус на т.н. длабоко учење и невронските мрежи. Гордана Георгиева доби признание за најдобар млад научник во медицинските науки. Таа е специјалист и автор на голем број трудови од областа на пластичната и реконструктивна хирургија.

На Нина Костовска ѝ беше доделено признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата, затоа што низ личен пример покажува дека попреченоста не е пречка за успехот и ги урива стереотипите во македонското општество. За најдобра млада уметница признание доби актерката Наталија Теодосиева, која со својот ангажман ја освојува публиката и доби повеќе награди на театарски и филмски фестивали во земјава и во странство.

Во категоријата „Млад талент“, во која конкурираат само ученици од средните училишта, признанието му беше доделено на Алексиј Тасиќ кој освои голем број златни и сребрени медали и признанија на државни и меѓународни натпревари и олимпијади по математика, физика и хемија.

Иако не е средношколец, во оваа категорија беше награден и Македон Димитровски, со што е направен исклучок во правилата за доделување на признанието. Комисијата одлучила да го награди овој најмлад добитник на признанието поради неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија за што има добиено бројни награди.

Претседателот Пендаровски во обраќањето истакна дека овие млади луѓе се дел од креативното малцинство кое има потенцијал да направи значајни пробиви во своите области.

-Нивните биографии, трудови, референтни признанија, како и уметнички и општествени ангажмани сведочат дека секој од нив се фатил во костец со некои од големите прашања на науката, технологијата, уметноста и воопшто, општествениот развој. Тие не само што не се плашат да поставуваат тешки прашања, туку имаат доволно храброст, доблест и знаење, да предлагаат решенија низ сосема нови перспективи. А со тоа да придонесуваат и за севкупниот развој на својата земја, рече шефот на државата.

Овие успешни млади луѓе, додаде претседателот, се позитивен пример за нивните врсници, но и за генерациите што допрва доаѓаат. Нивниот пат до успехот, како што рече, не е ни малку лесен, бидејќи бара време и посветеност во континуитет.

Пендаровски порача дека институциите не смеат да си дозволат „да испуштат од рака вакви ретки таленти“ и дека државата мора да им овозможи „еднакви можности на сите да напредуваат, и да ги препознава и наградува најуспешните меѓу нив“.

-Токму тоа е главната цел на признанието „Успешни млади“ – да ја поттикне научната, истражувачката и креативната работа на младите. Но, со ова признание сакаме да постигнеме уште нешто, не помалку вредно – да го намалиме иселувањето на младите, образовани луѓе. Еден од нашите најголеми предизвици е незавидната состојба во која со децении се наоѓа образованието и науката во Македонија. Честите реформи на образованието и минималните вложувања во истражувањето и развојот резултираа со ниски резултати на многу евалуации во меѓународни рамки. Никогаш нема да дознаеме колку надарени ученици и студенти биле испуштени или превидени од нашиот образовен систем, или, колку млади образовани луѓе имаат заминато во развиени земји каде што нивниот талент и труд се единствен критериум за личен успех и кариерно напредување, нагласи Пендаровски.

Порака за поголема грижа од државата за младите таленти и поголемо издвојување за науката упати и д-р Трајче Стафилов, претседател на Комисијата која ги избра добитниците на признанието „Успешни млади“ за 2021 година.

– Освен што науката има свое значење во економскиот развој, има многу големо значење и во афирмацијата на една држава. Затоа е неопходна поддршката на научно-истражувачката работа од страна на надлежните институции во државата. Поддршката на научните работници во Северна Македонија е недоволна… Не можеме да очекуваме големи научни достигнувања ако подолг период не се финансирани, на пример, националните научно-истражувачки проекти, ако не се стипендираат наши талентирани млади истражувачи кои сакаат своето научно оформување и издигнување да го реализираат во земјава или ако се исклучени можностите за нивно вработување на факултетите и научните институции, рече претседателот на Комисијата за избор на лауреатите на признанието „Успешни млади“.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер