Доделени 638 стипендии за ученици Роми во прво и второ одделение во учебната 2020/2021

Вкупно 638 стипендии се доделени на ученици Роми запишани во прво и второ одделение во учебната 2020/2021 година во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование".

Стипендијата е за период од една учебна година и во износ од 400 евра годишно во денарска противвредност. Наменета е за покривање на трошоците за школување на децата, за храна, облека, училиштен прибор и материјали, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата.

Проектот е имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерите Здружението Центар за образовна поддршка „Дендо вас" и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор".

–Право на стипендија имаа ученици Роми кои се запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година, чии семејства се приматели на социјална помош, која е поврзана со приходите на семејствата. Следејќи ги овие критериуми, стипендии се доделија на вкупно 320 ученици запишани во прво одделение, соопшти ФООМ.

Примателите на стипендијата се од 58 основни училишта од 31 општина. Воедно, во оваа учебна година се доделени 315 стипендии на ученици Роми запишани во второ одделение и три стипендии за ученички запишани во трето одделение. Стипендистите доаѓаат од 56 основни училишта од 28 општини и 54 отсто се девојчиња, а 46 отсто се момчиња.

ФООМ информира дека на 280 од овие приматели им е обновена стипендијата доделена минатата година за прво одделение. Три од нив беа префрлени во второ одделение, така што оваа учебна година ја следат наставата за трето одделение и стипендијата им е обновена.

Редовните ученици ќе може да ја задржат стипендијата за тековната година, a оние кои успешно ќе преминат во следното одделение, ќе можат да ја обноват и наредната учебна година.

Проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование" е финансиран од Европската Унија и ќе се имплементира до октомври 2022 година.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер