Додека другите европски земји воведуваат карантини, Полска се отвора

Додека другите источноевропски земји имаат нови рекорди во бројот на пациенти и смртни случаи, Полска најавува делумно отворање поради изправање на кривата на бројот на нови случаи на Ковид-19.

Вкупниот број на заразени од коронавирус во источна Европа денеска надмина пет милиони, според Ројтерс. Тоа е регионот на Белорусија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Молдавија, Романија, Русија, Словачка и Украина.

Во Источна Европа, имало просечно по 82.000 нови случаи секој ден минатата недела, и во просек повеќе од 1.500 смртни случаи.

Русија, Полска и Украина се меѓу 20-те земји во светот со најголем број случаи.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки најави отворање на трговските центри од следната сабота за да им помогне на трговците во периодот пред Божиќ.

Владата ги затвори сите места за забава и некои продавници на 7 ноември по скокот на бројот на пациенти, но оттогаш кривата на бројот на пациенти се израмнила.

"Еден услов е ... дисциплина во секоја продавница, трговски центар, продавница за мебел. Ако тоа не се случи, тие продавници ќе бидат затворени", рече Моравиецки на прес-конференција.

„Овие одлуки можат да зачуваат стотици илјадници работни места и затоа ги носиме“, додаде тој.

Според Моравиецки, училиштата остануваат затворени до Божиќ. Тој ги повика Полјаците да ги поминат празниците во најблискиот семеен круг и да не патуваат.

Чешка денеска објави дека бројот на починати од Ковид-19 се зголемил двојно во ноември на повеќе од 7.000.

Според Министерството за здравство, бројот на починати во октомври изнесува 3.523, а сега достигнал 7.021.

Во една од најпогодените европски земји, бројот на нови случаи и бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа во последните неколку недели, па властите ублажија некои мерки.

Вчера, регистрирани се 5.809 нови случаи во земјата, што е половина од врвот на бранот кон крајот на октомври.

Русија денеска пријавила рекордни 24.822 нови инфекции во еден ден, вклучително и 7.168 нови инфекции во Москва. Вкупно 2.064.748 биле заразени во земјата.

Украина бележи рекордни 14.580 нови инфекции во претходните 24 часа, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Министерот за здравство рече дека вкупниот број на заразени се искачил на 612 665, со 10.813 жртви.

Повторено соопштение на ДИЖС за Штип

Предлог за одземање на Б интегрирана дозвола на погон за горење гуми и пластика во ШТИП.

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17.12.2020г., по преставка на Министерството за одбрана поднесена на 11.12.2020г., за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30.09.2020г. но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата ВД Директорка Ана Петровска.

Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 км од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола број УП I бр.18/17-136 во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројката или начинот на складирање на суровините и готовиот производ.

Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролиза на 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење (базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники, со систем за автоматска декомпресија, автоматско празнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти.

При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици.

На локацијата беше видливо дека складирањето на готовиот производ и суровините не се врши на соодветен начин. Течното гориво добиено од горење на гумите се чуваше во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност. Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата. Управиителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација.

Поради сите утврдени пропусти, Државниот инспекторат за животна средина даде Предлог до општина Штип (која ја издала дозволата) за одземање на Б интегрирана дозвола на погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП.

Државен инспекторат за животна средина

Видео: Автомобилски гуми со кои може да се поминат скоро 130.000 километри

Тоа е километража за која произведувачот дава гаранција.

Фински „Nokian“, познат по зимските гуми, претстави нови гуми под името „One“ кои можат да се пофалат со неверојатна долготрајност, дознава американски „Car and Driver“.

Станува збор за универзални, гуми за сите сезони, што значи дека со нив можете да возите во текот на целата година.

Како што тврдат од компанијата, гаранција за животниот век на овие гуми е речиси 130.000 километри, поточно 128.750 километри.

Гумите веќе се произведуваат во американската држава Тенесе, но и некои фабрики низ Европа, иако гумата е развивана за северноамериканскиот пазар.

Нивната тајна е во материјалите, поточно во влакната кои ја зајакнуваат структурата на пневматикот и овозможуваат поголема отпорност особено на оштетување кои се предизвикани од дупки на патиштата и слично.

Финскиот произведувач подготви и видео.

Проштална порака на Меланија Трамп: Како ја чував Белата куќа

Во текот на 2020 година, нашата земја претрпе поразителна и неочекувана загуба на животи поради пандемијата на Ковид-19, рече Меланија.

Сè уште актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, ќе ја напушти Белата куќа за само два дена.

Таа по тој повод и се обрати на нацијата. Меланија посочи неколку проекти што ги реализирало семејството Трамп во текот на последните четири години, кога станува збор за обнова и одржување на Белата куќа.

- Во 2018 година го завршивме првото комплетно реновирање на кралската бања од 1950-тите. Го реновиравме и претседателскиот лифт. Една година подоцна, започнавме со неколкумесечно реновирање на подот на Источната соба. Кугланата исто така претрпе целосно реновирање во 2019 година и се надевам дека во иднина ќе биде простор во кој ќе уживаат сите што го користат - нагласи Меланија.

Исто така, се осврна и на пандемијата на коронавирусите, но и на реновирањето на Цветната и Детската градина.

- Во текот на 2020 година, нашата земја претрпе поразителна и неочекувана загуба на живот поради пандемијата Ковид-19. Бидејќи ова поглавје се приближува кон крајот, важно е да се препознаат многу луѓе и оддели без кои мојата улога како прва дама не е можна - рече Меланија, заблагодарувајќи им се на сите вработени во Белата куќа кои и помогнаа за време на проектите за кои работеше.

притисни ентер