Станува збор за прв состанок, откако двајцата се сретнаа во декември 2013 година. Тогаш Нарухито беше престолонаследник, а Бајден потпретседател на САД, информираше Кралската прес агенција.
Ова е вторпат, актуелниот јапонски цар, кој го презеде тронот на 1 мај 2019 година, да биде домаќин на американски претседател за време на државна посета. Претходно, тоа беше Доналд Трамп.
Американскиот претседал потоа се сретна и со неговиот „добар пријател", премиерот Фумио Кишида, кого го уверуваше дека САД се целосно посветени на одбраната на Јапонија, за време на засилени тензии со Кина и последици од рускиот напад на Украина, пишуваат медиуми.
Една од темите беше и Северна Кореја. Бајден денеска ќе се сретне и со семејства на Јапонци, кои пред неколку години беа киднапирани за да обучуваат шпиони во Северна Кореја
Главната тема на дводневната посета на Бајден на земјата, каде ќе се сретне и со лидерите на Јапонија, Индија, Австралија, ќе биде започнување Инфо-пацифичката економска рамка, широк план што го поддржува економскиот столб на САД во Азија.
– Американско-јапонската алијанса долго беше основа за мир и напредок во Индо-пацификот, а САД се длабоко посветени на јапонската одбрана, изјави Бајден на почетокот на разговорот во палатата Акаска во централно Токио.