До смрт е избоден еден од најбогатите Британци

Еден од најбогатите Британци е пронајден мртов, избоден до смрт, пишува Би-Би-Си.

Сер Ричард Сатон (83) бил пронајден мртов во неговата вила во близина на Гилингем во провинцијата Дорсет. Неговото мртво тело е пронајдено вчера вечер. Покрај него била пронајдена жена на возраст од околу 60 години, најверојатно неговата сопруга, која била пренесена во болница во критична состојба.

Богатството на Ричард Сатон неодамна се проценувало на околу 300 милиони фунти.

За убиството е уапсен 34-годишен маж. Тој е уапсен во автомобил во близина на Лондон. Бил повреден и пренесен во болница. Се верува дека повредите не се опасни по живот.

Полицијата соопштила дека уапсениот и жртвата се познавале.

На минатогодишната листа на Сандеј Тајмс, Ричард Сатон бил рангиран на 435. место за најбогат Британец.

Сатон, кој има аристократско потекло, бил убиен на неговиот луксузен имот. Покрај тоа, тој бил сопственик на хотелот „Шератон Гранд“ и луксузниот хотел „Атенаум“. Неговото семејство поседува илјадници хектари земја низ Велика Британија.

Се испитува точната причина за убиството.

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија.

Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Србија.

На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава.

Чешка ги сака вакцините АстраЗенека, што Данска ги укина

По одлуката на Данска целосно да ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината АстраЗенека од Данска“, твитна министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.

Вакцината „АстраЗенека“ беше на удар последните неколку недели, бидејќи расте загриженоста дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови. Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска направи чекор понапред и засега целосно ја прекина нејзината употреба.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со оваа вакцина. Засега не е јасно дали ваквата продажба меѓу двете земји е дозволена според правилата на ЕУ. Данска не ја исклучила можноста за повторна употреба на оваа вакцина.

Чешката влада е критикувана за бавниот договор за вакцинација. Досега се целосно вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

Познато е кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите и кои ѕвезди ќе бидат водители

Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само некои од славните личности кои ќе учествуваат како домаќини на 93-тата престижна церемонија на Оскарите.

Церемонијата ќе се емитува во недела, 25 април,известува списанието Пипл.

Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена - Ангела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.

На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и другите престижни добитници на наградите во 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.

Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година наградата да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.

Продуцентите годинава испратиле писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.

Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди, како што се БАФТА и Златниот глобус, на 25 април, нема да ја следиме комуникацијата на актерите и презентерите преку Зум.

За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.

притисни ентер