До март ќе има електрична енергија за жителите од прилепската населба „Три багреми“

На сметката на прилепската локална самоуправа од Владата стигнаа околу 2,5 милиони денари наменети за решавањето на проблемот со трафостаницата и квалитетното напојување со електрична енергија во населбата „Три багреми“ под Марковите кули, каде живее ромско население, изјави денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, по средбата со надлежните од министерството без ресор и со ЕВН.

Според Јованоски во наредните два дена треба да се потпише договорот меѓу општината и ЕВН за да почне рализацијата на проектот.

- Претходно беше склучен договор меѓу владата и ЕВН, а сега мора да се регулираат односите со потпишување договор помеѓу локалната самоуправа и ЕВН. Парите на сметката на локалната сампуправа се стигнати и по завршувањето на техничката документација ќе може на терен да се реализира ветеното за да се реши долгогодишниот проблем за 100-ина домаќинства од населбата „Три багреми“, рече Јованоски.
Се очекува до март населението да има квалитетно напојување со електрична енергија. Според пратеникот, поранешен министер без ресор Самка Ибраимоски ќе се реши голем проблем.

- Со овој проект ќе се реши проблемот со напојувањето со електрична енергија во населбата за нормално напојување за домаќинствата, вели Ибраимоски.
Новиот министер без ресор Аксел Ахмедоски најави дека перманентно ќе се реализираат и другите проекти за ромското население.
- Се договараме со прилепската локална самоуправа и со градоначалникот за динамиката за реализирањето на проектите од стратегијата за подобрувањето на животот на ромското население, вели Ахмедоски.

За невладината „Рома С.О.С“ како иницијатор за решавањето на проблемите што ги има ромското население, ова значи подобрување на условите за живот на ромското население.
- Домаќинствата во населбата „Три багреми“, конечно ќе добијат квалитетно напојување со електрична енергија. Во втората фаза ќе треба да се легализираат приклучоците на домаќинствата кои тоа досега не го направиле. Со ова се подобруваат условите за живот во оваа сиромашна ромска населба, рече Несиме Салиоска, претседател на невладината „Рома С.О.С.“

Прилепските локални власти најавуваат дека наредните месеци ќе се решаваат и другите инфраструктурни проблеми во оваа и во населбата „Тризла 2“. Во Прилеп живеат над 5 000 роми.

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили. /МИА

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

притисни ентер